Диего Симеоне направи револуција во Атлетико Мадрид откако го назначија за тренер во 2011-та. Од мал клуб ги направи големи и им донесе вкупно 8 трофеи, како и две финалиња во ЛШ.
Но, аргентинскиот стратег во Мадрид не изгради само шампионски тим, туку и голем бизнис со недвижности. Заедно со сопругата Карла Переира поседуваат 180 станови и 7 згради во главниот град на Шпанија.
Центарот на нивната империја е компанијата Carpersim SL, преку која тие ги насочуваат поголемиот дел од своите инвестиции во станови. Според финансиските извештаи поднесени во Трговскиот регистар, нивниот имот се проценува на близу 40 милиони евра.
Од ова, 14 милиони евра се евидентирани како инвестиции во недвижности, а повеќе од 19 милиони евра како материјални средства. Овие бројки покажуваат до кој степен семејството Симеоне ги претвориле приходите од фудбал, каде Диего е еден од најплатените тренери во светот со годишна плата од 26 милиони евра.

Бизнис модел и брз раст
Начинот на кој управуваат со своите имоти е исто така професионален. Повеќето од становите се наоѓаат во центарот на Мадрид, а на пазарот се нудат преку MyLocation, која е инаку нивна платформа за изнајмување што им дава контрола врз целиот процес.
Купуваат станови на добри локации, ги реновираат, а потоа ги издаваат на студенти, менаџери и туристи со средна и висока куповна моќ.
Резултатите се видливи во книгите. Приходот, кој доаѓа речиси целосно од изнајмување, се зголемил тројно во 2024 година во споредба со претходната година и надминал 330.000 евра, додека нето вредноста на компанијата, која е целосно финансирана од семејството, се приближила до 20 милиони евра.

Карла Переира на чело
Иако Симеоне го обезбедува инвестицискиот капитал, кормилото на проектот цврсто го држи Карла Переира. Списанието Форбс Шпанија ја опишува како вистински бизнис стратег, истакнувајќи како таа преминала од управување со неколку студентски станови до водење систем со 180 станови и седум згради.
„Мојот сон во ова поглавје од мојот живот беше да изградам нешто од темел, и успеав“, објасни таа за својот нов голем потфат.
Земјиштето кое го купиле најново се наоѓа на север од Мадрид, во областа Трес Кантос, каде што веќе се градат две згради со 140 станови. Проектот, кој го управува компанијата Трес Кантос 1415, се финансира со семеен капитал и банкарски кредит.
Овој потег ја открива и нивната деловна логика. Тие не само што инвестираат во веќе воспоставени области, туку се позиционираат и во области што се прошируваат, во близина на технолошки и здравствени центри, каде што има постојана побарувачка за домување. Трес Кантос, која сака да се позиционира како центар за аудиовизуелни и технолошки компании, совршено се вклопува во оваа стратегија.
Додека Ел Чоло живее подреден на распоредот на натпреварите, неговиот живот надвор од фудбалот се базира на многу постабилен модел. Диверзифицирано портфолио на недвижнини, сопствено управување со имотот и одржлив раст што веќе го претвори, заедно со сопруга Карла, во еден од најголемите, но дискретни сопственици на недвижности во шпанската престолнина, заклучуваат шпанските медиуми.