Лејкерс губи чекор, Леброн му се изнавика на Шенѓун

Кошаркарите на ЛА Лејкерс имаа убедлив, скоро неверојатен почеток на доигрувањето за титулата откако поведоа со 3-0 во серијата против Хјустон Рокетс, но „ракетите“ го искористија овојпат отсуството на Дончиќ и со нов триумф намалија на 3-2 во серијата.

Хјустон Рокетс без својот најдобар играч Кевин Дурент славеше 99:93 и сега серијата е повторно отворена. Џабари Смит со 22 поени беше најдобар поентер кај Хјустон а Тари Исон додаде 18 поени. 

Лејкерс не искористи уште една меч-топка и сега Рокетс имаат шанса за целосен пресврт. Интересно само четири од 159 екипи кои губеле 0-3 во доигрување успеале да се изборат макар за мајсторка.

Леброн Џејмс имаше 25 поени а повратникот Остин Ривс уфрли 22 поени и шест асистенции после долгата пауза поради која пропушти дури девет натпревари. ДеАндре Ејтон запиша 18 поени со 17 скока.

Овој натпревар го одбележа и еден вербален дуел меѓу Леброн Џејмс и Алперен Шенѓун.

При еден досуден прекршок на Леброн Џејмс кој се спремал да изведе слободно фрлање, Турчинот искоментирал: „Мек фаул“. Леброн нервозно му возвратил: „Не го зборувај тоа! Ти си единствено лице овде на која не и е дозволено да го каже тоа! Мек серко!“, викал Леброн а Шенѓун премолчел на критиката дека добива многу фаули.

30 април 2026 - 12:40