Прекината е најдоглата фудбалска доминација: во Бугарија Левски го симна Лудогорец од тронот
Неверојатни сцени доаѓаат од соседна Бугарија каде Левски Софија ја прекина хегемонијата на Лудогорец кој освои 14 шампионски титули по ред. Левскарите стигнаа до пехарот благодарение на победата над ЦСКА 1948 1-0 со гол на Хрватот Марко Дуганџиќ кој влезе во игра во 60' минута а само 11 минути подоцна го постигна најважниот гол на сезоната.
Ова е прва шампионска титула на Левски Софија после цели 17 години! 27-ма во клупската историја. Последен пат беа шампиони во далечната 2008/2009. Левски на 4 кола пред крајот има 14 бода предност во однос на второпласираната ЦСКА 1948.