Леброн го води Лејкерс понатаму, Јокиќ и Денвер испаднаа од трка за титулата

Кошаркарите на ЛА Лејкерс неочекувано лесно го елиминираа Хјустон Рокетс од доигрувањето за титулата. Синоќа ветеранот Леброн Џејмс одново покажа дека е еден од најдобрите НБА кошаркари во историјата на лигата. Лејкерс победи 98-78.

Лејкерс ја завршија серијата со Хјустон Рокетс откако со 4-2 ги исфрлија „ракетите“ од понатамошни борби.

Херој на сите 4 триумфи на Лејкерс беше 41-годишниот Леброн Џејмс кој и синоќа блескаше. Постигна 28 поени со 7 скока и 8 асистенции за 37 минути. Руи Хачимура додаде 21 поен со 6 скока, а Остин Ривс имаше 15 поени.

Лејкерс повторно играа без Лука Дончиќ кој уште отсуствува поради повреда.

Кај поразениот Хјустон Рокетс Ејмен Томпсон имаше 18 поени со 8 скока, Алперен Шенѓун запиша дабл-дабл учинок со 17 поени и 11 скока, а Тари Изон имаше 14 поени со 5 скока.

ДЕНВЕР И ЈОКИЌ ИСПАДНАА ОД МИНЕСОТА

Претходно кошаркарите на Денвер Нагетс кои важеа за едни од фаворитите за титулата испаднаа од Минесота Тимбервулс.

Ривалот кој ги елиминираше и во 2024-та година, и сега се покажа како подобар и тоа без дури тројца стартни играчи: лидерот Ентони Едвардс, Донте ДиВинченцо и Ајо Досунму.

Но на домашен паркет блескаа младиот Џејден Мекданиелс, резервистот Теренс Шернон и Џулиус Рендл.

Минесота Тимбервулвс слабеше 110-98 за вкупни 4-2 во серијата.

Кај Денвер Нагетс единствени светли точки во поразот беа Никола Јокиќ со 28 поени, 10 асистенции и 9 скока а Кам Џонсон уфрли 27 поени со 8 скока.

Најслаба карика беше Џамал Мареј кој цела серија беше очаен. Постигна само 12 поени со катастрофален шут 4/17 од игра а беше и многу слаб во одбраната.

2 мај 2026 - 07:33