Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Фото-изложба „Светлосна дисциплина“ во КИЦ

5 December 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Зрно фестивал годинава ја завршува со впечатлива изложба на двајца професори од Академијата за уметност од Нови Сад. Таа ќе се одржи во сабота, 6 декември, во 19.30 часот, во салата Империјал 2, во КИЦ-Скопје.
  • Во единството на делата на Јелена Ковачевиќ Воргучин и Предраг Узелац се отвора расправа за природата на трагите што ние луѓето ги оставаме. Узелац ги фаќа лицата на секојдневието во сребро, во материја што тврдоглаво памти, како да го штити она што светот лесно би го заборавил без аплауз — лицата на привидно обични луѓе со скриени подвизи, водени од сопствена етика, скромно, претставувајќи контрапункт на јавното мислење и наметнатите, непроверени вредности на современото општество.
  • Јелена, напротив, ги прилепува сликите за тревата, во ткиво што ја прима светлината како космичка храна, каде хлорофилот го чува споменот на мајката онолку долго колку што природата му дозволува да ја предизвикува судбината на сеќавањето. Во нивниот диптих се среќаваат две вистини: потребата и немоќта животите да се сочуваат од заборав…Среброто и тревата, постојаноста и исчезнувањето, човекот и сеќавањето — сè се среќава во вечното прашање: што од светлината останува, а што се враќа во нејзината тишина.
извор

Почина професор Кирил Темков

27 December 2025
  • Share
  • Post
  • На 82-годишна возраст денес, 27.12., во Скопје почина проф. д-р Кирил Темков, познатиот професор во пензија по филозофија, етика и естетика, автор на голем број книги, учебници и научни дела.
  • Роден е во 1943 во Кавадарци. Образованието го стекнува во Скопје и Белград. Бил ученик и асистент на хрватскиот филозоф Павао Вук-Павловиќ, кој на 64-годишна возраст станува професор по етика и естетика на Филозофскиот факултет во Скопје и ја формира Лабораторијата за естетика на катедрата за филозофија - активност која проф. Темков ја продолжи по пензионирањето на својот ментор. 
  • Автор е на повеќе книги, меѓу кои: Основите на еден нов Универзитет (1975), Панорама на естетичките идеи од втората половина на 20-тиот век (1981), Етика за младите (1999, 2001) Луј Армстронг - Сачмо (2000), Историја на џезот (2002), Џез - естетика и антропологија (2017), како и на учебници од областа на етиката за гимназиското и средно образование. 
извор

Промоција на „Илина и тајните на Бабин Заб“ од Хана Корнети

19 December 2025
  • Share
  • Post
  • На 20 декември (сабота), во 17 часот во кафе барот „Вудсток“ ќе се промовира романот за деца и млади „Илина и тајните на Бабин Заб“ од Хана Корнети.
  • Романот е објавен во издание на „Или-Или“, во едицијата „И ете приказна“. По „Илина и шумските тролови“ авторката, на радост на верните читатели, во втората книга од најавената трилогија нѐ запознава со новите авантури на паметната, хумористична и шармантна Илина и нејзините пријатели.
  • За книгата на промоцијата ќе зборуваат нејзините први и верни читатели: Ивана Марковска Доковска, Каја Атанасова Ѓорѓиева и Јован Стаменов.

Букбокс читанка за претходната „Илина и шуските тролови“ тука

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Вечерва сите сме Македонци!

Разно
2

Македонска Боса нова

Разно
3

Атлетик: „Во НБА има многу супер ѕвезди ама ниеден не е ни близу Јокиќ“

Кошарка
4

Ако нешто нè гневи...

Балканштина
5

Вештачки интелигентно ѓубре го преплавува Јутјуб

Интернет
6

Почина Брижит Бардо

7

Автомобил за „не по ова време“

Возила
8

СДСМ ќе го исклучува Јован Деспотовски

1

Кога се искачаше по подруми

Bookbox
2

10 божикни песни кои биле забранети

Bookbox
3

Почина професор Кирил Темков

4

Не се 5 сетила туку 33

Bookbox
5

Електричниот накит и заборавениот гениј што го осветлил Париз

Bookbox
6

Приказната за „дивото дете од Аверон“

Bookbox
7

Сарма од која ви се плаче

Bookbox
8

Најдобрите книги за 2025 година

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Ако нешто нè гневи...

Балканштина

Некогаш џабе се и книгите

Македонштина

Ние си најдовме, вие мислете му ја

Македонштина

Ѓорче Петров, отворена општина

Балканштина

Киноа никако пред солфеж

Балканштина

Знаете ли зошто во мартини се става маслинка а во ракија не?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Омилениот збор на Роберт де Ниро

Мој је живот кешарица

Кој курац прави Мајкл Мадсен со својот живот?

Политички педерлаци

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy