Парадоксот на српскиот ракомет

Додека ракометот е спорт број 1 во Македонија, кај нашиот северен сосед има парадоксална ситуација, бројни ракометари со години да играат во елитни европски клубови а репрезентацијата бележи мизерни резултати на секое големо натпреварување. И тоа трае 14 години.

Некогашниот дански ракометар а сега стручен коментатор Расмус Бојсен кој работи во клубот Скјерн и гостува на разни емисии посветени на оваа игра, во само еден твит ја опиша ситуацијата во српската ракометна репрезентација.

Имено од 2012-та година кога Србија освои сребро на Европско првенство откако стигна до финале каде загуби од Франција пред своите гледачи во белградска „Арена“, српските ракометари одиграле: 22 натпревари на Европски првенства и забележиле дури 17 порази, со 2 нерешени и само 3 победи.

„Неверојатно ако се има предвид многу добриот играчки материјал кој го имаат со години“, вели Данецот Бојсен.

Единствените триумфи на Европско првенство после 2012 Србија ги имала на стартот на Евро 2014 против Полска, потоа во 2018-та против Исланд и во 2022 триумф против Украина.

Сега на ова Европско Србија игра во пеколно тешка група со Шпанија, Германија и Австрија, па после воведниот пораз 27-29 од Шпанците, сега ќе мора да се вадат против силната Германија и Австрија.

Македонија го стартува Европско првенство против најсилниот можен ривал

16 јануари 2026 - 10:42