Македонија вечерва го запишува својот деветти настап на Европски првенства а осми по ред. Оваа супер серија започна уште од 2012 година и македонските ракометари постојано се во европските Топ 20 селекции.
Црвено-жолттите своите средби ќе ги играат во градот Хернинг во Данска и како пред дванаесет години исто ќе почне против страшната Данска. Тогаш Данците беа подобри за осум гола од нашите ракометари (29-21), а како тогаш така и денес момците на Кире Лазаров немаат што да изгубат а можат да добијат многу.
Со нас во група се уште и моќната Португалија и незгодната Романија против кои ќе треба да се бараат бодовите за пласман понатаму.
Македонија не може да се пофали дека имала редовно добар старт на Европски првенства, напротив на 8 учества има дури шест порази на стартот и тоа во не така далечната 2018-та кога ја победи Словенија 25-24 и 2020-та против Украина минимално 26-25.
Македонските ракометари имаат и едно значајно реми против Шведска (26-26) од 2012-та година.
Дебито на Еуро беше во 1998-ма година а првиот погодок во историјата на Македонија го постигна Прилепчанецот Томе Петрески.
Распоред на Македонија:
16.1 (петок): Данска - Македонија од 20:45
18.1 (недела): Македонија - Португалија од 18:00
20.1 (вторник): Македонија - Романија од 18:00
Состав на Македонија:
Никола Митревски, Иван Галевски, Мартин Томовски, Атанасијевиќ Петар, Иван Џонов, Костески Никола, Костески Ненад, Атанасијевиќ Павле, Жарко Пешевски, Михаил Аларов, Самоил Ристевски, Никола Маркоски, Марко Стојковиќ, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Филип Кузмановски, Дамјан Митев, Марко Митев, Игор Ѓорѓиев.