Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Трамп од Њујорк Тајмс бара отштета од 15 милијарди долари

16 September 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • "Денеска имам голема чест да поднесам тужба против Њујорк Тајмс за клевети и нарушување на угледот, во износ од 15 млијарди долари“, пиша американскиот претседател на неговата социјална мрежа.
  • Тужбата ќе ја поднесе во Флорида но не специфицираше за кои точно написи и тврдења се работи. Тврди дека весникот подолго време намерно го клевети него, неговото семејство и бизнис.
  • Медиумот кој го тужи Трамп го опиша како еден од најлошите и најизопачени медуми во историјата на земјата кои се имаат претворено во мегафони на радикалната левичарска Демократска партија. 
извор

Русија обвинува дека ЕУ подготвува „српски Мајдан“

16 September 2025
  • Share
  • Post
  • Европската Унија стои зад „немирите во Србија“ и на 1 ноември ќе ја искористи годишнината од уривањето на настрешницата во Нови Сад за да „го доврши српскиот Мајдан“, тврди Службата за надворешно разузнавање на Русија (СВР).
  • „Сегашните немири во Србија, со активно учество на младите, во голема мера претставуваат производ на субверзивните активности на Европската Унија и членките на тој сојуз. Целта на европскиот либерален мејнстрим е да доведат на власт послушно раководство, кое ќе му биде лојално на Брисел“, објави руското СВР.
  • Во извештајот се додава дека на европската елита ѝ поаѓа од рака да ја спроведе намерата, бидејќи младите се радикализираат и преминуваат од мирни протести на „револуционерни методи на борба и насилство“. Како причина зошто во Србија досега не успеало веќе испробаното сценарио на „обоени револуции“, руската служба ги наведува „патриотските чувства, влијанието на Српската православна црква и сеќавањето на бомбардирањето од НАТО“.
  • Претседателот Александар Вучиќ им се заблагодари на руските партнери на известувањата за плановите за насилна промена на власта. „Не се сомневам дека можат туку така да се откажат. Премногу пари се вложени, па затоа ќе мора да направат последен обид да ја преземат власта со сила. Подготвени сме за тоа долго време“, изјави Вучиќ.
  • Руската служба објави и список од „независни медиуми што ѝ го перат мозокот на српската младина“. На него се Фонет, RAM Network, Време, Јужне вести, Слободна реч, Бум93, Подринске, Freemedia, Инѓија, СОинфо, ФАР, Storyteller, како и невладината организација Линк, за кои е истакнато дека добиваат значителна финансиска поддршка од Брисел за организирање на „српскиот Мајдан“. Асоцијацијата на независни електронски медиуми (АНЕМ) го оцени извештајот на СВР како „дел од специјалната војна, која дополнително ја загрозува безбедноста на новинарите и на локалните медиуми кои професионално известуваат за случувањата во Србија“.
извор

Убиецот од Велес добил условна за насилство над Росица, пет дена потоа ја уби

16 September 2025
  • Share
  • Post
  • И покрај сите пријави, условните казни и мерките кои често биле укинати, насилникот продолжил да ја вознемирува Росица, сè до трагичниот исход во кој таа и нејзиниот татко беа брутално убиени.

  • Основното јавно обвинителство Велес денес потврди дека против Илија Стефановски, осомничен за убиството на Росица Коцева (31) и нејзиниот татко Киро Коцев (68), уште од почетокот на годината биле поведени повеќе постапки за закани и насилство.

  • И покрај судските мерки, Росица Коцева на 21 мај 2025 година повторно го пријавила Стефановски. Според неа, тој не ги почитувал изречените забрани, продолжил да ѝ праќа пораки, се приближил до нејзиниот дом и го запалил автомобилот на нејзиниот татко.

  • Во меѓувреме и тој поднесува пријава до ОЈО Скопје со која ја товари оштетената дека му поднесува лажни пријави во МВР со цел да му изнуди пари.

  • На 10 септември годинава, Основниот суд Велес го прогласил Стефановски за виновен, но му изрекол само условна казна. Истовремено, укинати му биле сите мерки на претпазливост, освен забраната за приближување кон оштетената и нејзиниот партнер.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Детството на Џеди Осман и неговите први тренери во Охрид

Кошарка
2

Одобрено од Грунф

Балканштина
3

Капа долу Џеди Осман

Кошарка
4

Зошто бранам човек кој ми беше антипатичен?

Мешано
5

Фалсификат луѓе

Балканштина
6

Бугарска будалаштина на стопер од 60 метри

Фудбал
7

Лондон, преброј се!

Разно
8

Упатство за преживување на Балкан

Балканштина
1

Јенки на руско-белоруските воени вежби

2

Заканата на Трамп за санкции за Русија е насочена кон НАТО

Свет
3

Убиството на Чарли Кирк: кансел културата станува смртоносна

Мислења
4

Убиецот од Велес добил условна за насилство над Росица, пет дена потоа ја уби

5

Две години бил болен од ковид

Здравје
6

Високо ко кинески мост

Занимливости
7

Полска не ѝ ги простува воените репарации на Германија

Свет
8

Газа гори, продираат израелски тенкови

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Во Прилеп да се изнавози човек точак

Македонштина

Ете македончето како го замислува отпорот

Балканштина

Одобрено од Грунф

Македонштина

Метропола ни на небо ни на земја

Балканштина

Ако не прашаш, како ќе знаеш?

Македонштина

Осомничен предлог

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

(Донт) Кил Кисинџер

Претседател на светот, крал број 1, цар, мисионер, слуга на народот, Господ па јас

Што е тоа „дркаџија“?

Кај преведувачите на ОН

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy