- Легендарниот италијански тренер Ариго Саки, архитект на славниот Милан кој жареше и палеше ширум Европа во '80-те и '90-те години, кажал отворено свој став за новата идеја на Милан - трансфер на Лука Модриќ.
- 40-годишниот Хрват заврши со Реал Мадрид каде му истече договорот а росонерите сакаат да го доведат во своите редови и тоа за 3,5 милиони евра годишно.
- „Милан, внимавај со Модриќ. Тој има 40 години и најмногу што може е да биде играч кој влегува од клупа. Модриќ не треба да се гледа како играч кој ќе додаде плус квалитет. Се надевам дека Макс Алегри го одобрил овој трансфер. Дали Милан прави право нешто со фокусот на Модриќ? Играч кој скоро ќе има 40 години и не бил стандарден играч на клубот последниве сезони?“, рекол Ариго Саки за Газета дело Спорт.
- Во Серија А има голема тренерска вртелешка летово. Масимилијано Алегри е старо-нов предводник на Милан, Џан Пјеро Гасперини отиде во Рома а на негово место Аталанта денес го постави хрватскиот тренер Иван Јуриќ.
- На големо изненадување на италијанската јавност, Аталанта се реши за Јуриќ и му дала 2-годишен договор. Јуриќ (49) досега водеше неколку италијански клубови меѓу кои Кротоне, Џенова, Палермо и Торино. Беше неколку месеци во Саутемптон каде забележа бројни порази и доби отказ од тимот кој испадна во втора лига.
- По сјајните златни одличја на РК Вардар 1961 кој стана двократен европски шампион во Лига на шампиони и ЖРК Кометал Ѓорче Петров кој исто ја освои европската титула, РК Алкалоид денес стана првак во Европскиот Куп на ЕХФ.
- По одлука на Европската куќа на ракометот, епилогот од реванш мечот меѓу Алкалоид и АЕК е службена победа на скопскиот тим 20:0 што значи дека „фармацевтите“ се нови шампиони во Европскиот Куп.
- Кире Лазаров стана прв македонски тренер со освоен европски трофеј. Претходно Вардар 1961 го водеа Раул Гонзалес и Роберто Гарсија Парондо до евро-титулите а Кометал Ѓорче Петров освои со рускиот стратег Александар Панов.