Мајсторија на Елмас, но ВАР му поништи гол поради офсајд

На стартот на вториот дел од мечот Македонија - Белгија, при водство на гостите 0-1, Елиф Елмас во негов стил направи дар-мар во противничката одбрана и постигна прекрасен гол со пласирана топка. Главниот судија Кавана од Англија го поништи по реакција од ВАР собата. Топката го погодила Илиевски кој бил во офсајд.

6 јуни 2025 - 22:02