Репрезентацијата на повеќекратниот светски и европски шампион веќе одамна не е тоа што беше. Пропуштија неколку настапи на Светски првенства во серија што никогаш во историјата не им се случило, а сега ризикуваат пак да не се пласираат на еден голем Мундијал. Синоќа во Осло Норвешка со 3-0 ја разби Италија а покрај тоа доминираше во текот на целиот меч. Одегард, Сорлот, Халанд и Антонио Нуса правеа дар-мар со италијанската одбрана, а последниов постигна прекрасен гол од трк.