Чкембарско славје среде „Јане“

Вардар имаше сè во свои раце. Црвено-црните сезонава два пати го совладаа големиот ривал Еурофарм Пелистер, еднаш во првенство среде Битола и еднаш во финалето на Купот во Охрид. Во Скопје во последното коло од сезоната на Вардарци им играше и реми за шампионска титула. Сè беше спремно за прослава. На крај Филип Кузмановски и зелено-белите ја растурија забавата, славеа 30-32 и ја освоија шампионската титула. Околу 300 навивачи на Пелистер ја прославија најслатката победа откако го бодрат својот клуб.

 

7 јуни 2025 - 22:20