Прекрасни сцени пред дербито Вардар - Пелистер, дечиња во еден глас пееја со цела сала
Вечното ракометно дерби меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер кое уште долго ќе се раскажува и кое го добија гостите 30-32 за шампионска титула на теренот на најголемиот ривал, започна со убав настап на детски хор. Момчиња и девојчиња, со учителката Маја од градинката „РОСИЦА“ од општина Ѓорче Петров ја испеаја песната „Ој Вардаре македонски“ а ним им се придружија и илјадници грла од трибините.