- По сјајните златни одличја на РК Вардар 1961 кој стана двократен европски шампион во Лига на шампиони и ЖРК Кометал Ѓорче Петров кој исто ја освои европската титула, РК Алкалоид денес стана првак во Европскиот Куп на ЕХФ.
- По одлука на Европската куќа на ракометот, епилогот од реванш мечот меѓу Алкалоид и АЕК е службена победа на скопскиот тим 20:0 што значи дека „фармацевтите“ се нови шампиони во Европскиот Куп.
- Кире Лазаров стана прв македонски тренер со освоен европски трофеј. Претходно Вардар 1961 го водеа Раул Гонзалес и Роберто Гарсија Парондо до евро-титулите а Кометал Ѓорче Петров освои со рускиот стратег Александар Панов.
- Во Серија А има голема тренерска вртелешка летово. Масимилијано Алегри е старо-нов предводник на Милан, Џан Пјеро Гасперини отиде во Рома а на негово место Аталанта денес го постави хрватскиот тренер Иван Јуриќ.
- На големо изненадување на италијанската јавност, Аталанта се реши за Јуриќ и му дала 2-годишен договор. Јуриќ (49) досега водеше неколку италијански клубови меѓу кои Кротоне, Џенова, Палермо и Торино. Беше неколку месеци во Саутемптон каде забележа бројни порази и доби отказ од тимот кој испадна во втора лига.
Фото: Epa Images
- Раководството на Интер откако се раздели со Симоне Инзаги кој заминува за годишна плата од страшни 25 милиони евра во клубот Ал Хилал во Саудиска Арабија, сега е во потрага по негов наследник.
- Најголема желба им беше Сеск Фабрегас кој имаше одлична сезона со скромниот Комо. Но газдата на овој клуб кој важи за еден од најбогатите луѓе на светот не сакал да слушне за заминување на Шпанецот и директно им јавиле на Интер дека не го даваат.
- Во меѓувреме нераѕурите се вртат кон нивниот некогашен играч Кристијан Киву кој сезонава ја водеше Парма. Киву беше дел од шампионската генерација предводена од Жозе Мурињо која освои историска триплета.