Украина мава по Москва, Русија напредува во Украина
8 јуни 2025
- Украина извела силен напад со дронови поради што се затворени два битни аеродроми кои го опслужуваат рускиот главен град.
- Руската против-воздушна одбрана срушила девет дрона кои се движеле кон Москва а запалена е хемиска фабрика на 30 километри од Кремљ.
- Во меѓувреме, Русија соопшти дека за првпат во тригодишната инвазија, навлегла во источната украинска област Дњипропетровск што е прва поголема територијална ескалација во последно време.
- Дњепропетровск е важен рударски и индустриски центар за Украина, а подлабокото руско напредување во регионот би можело да има сериозен негативен ефект врз војската и економијата на Киев, кои се во криза.