Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Србија ѝ пука во грб на Русија?

30 May 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Белград и Москва формирале заедничка работна група за да утврдат дали Србија тајно ѝ продава оружје на Украина, иако се декларира како неутрална во конфликтот.
  • Надворешната разузнавачка служба на Русија (СВР) соошшти дека најмалку седум српски воени компании испратиле десетици илјади ракети и милиони куршуми во Украина, користејќи лажни сертификати за крајните корисници. СВР ги опишува трансферите како „пукање во грбот на Русија“.
  • „Најчесто се вклучени земји од НАТО, пред сè Чешка, Полска и Бугарија, но во последно време за таа цел се користат и егзотични опции, кои вклучуваат африкански земји“, додава СВР.
  • Српскиот претседател Александар Вучиќ одговара дека некои од објавените тврдења не се вистинити: „Точно е дека имаме договор со Чешка. Но, не е дадена дозвола и не е испорачана ниту една ракета“. Тој додаде дека во Москва за тоа прашање разговарал насамо со Владимир Путин, но дека не може да открие детали.
  • „Нашите фабрики мора да живеат и да работат. Во наменската индустрија работат 24.000 луѓе. Оружјето сега го насочуваме на снабдување на нашата војска“, додаде српескиот претседател.
извор

Трамп запре развој на вакцини против ХИВ

31 May 2025
  • Share
  • Post
  • Администрацијата на Доналд Трамп го прекина федералното финансирање на развој на вакцини против ХИВ, со аргумент дека актуелните пристапи се доволни за борба против вирусот.
  • Критичните програми за истражување на ХИВ/СИДА ќе продолжат преку новата агенција - Администрација за здрава Америка, чие формирање го побара министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди.
  • „Комплексните програми резултираа со сериозно поклопување на напорите. На 27 различни проекти за ХИВ/СИДА се потрошени 7,5 милијарди долари. САД треба да имаат најдобри медицински истражувања во светот. Настојуваме да извлечеме максимален ефект од секој долар од даночните обврзници“, изјави Емили Хилијард, портпаролка на Националните здравствени институти на САД.
  • До 19 јуни Администрацијата за храна и лекови на САД се очекува да го одобри лекот ленакапавир за превенција од ХИВ. При клиничките истражувања се покажал стопроцентно ефикасен за спречување трансмисија на вирусот.
извор

САД бараат азиските сојузници да трошат повеќе за одбрана

31 May 2025
  • Share
  • Post
  • Шефот на Пентагон, Пит Хегсет предупреди дека Кина има план да изврши воена инвазија врз Тајван во 2027 година и ги повика американските сојузници на САД во Азија да вложуваат повеќе за одбрана.
  • „Знаеме дека Ши Џинпинг ѝ нареди на војската да биде спремна за инвазија врз Тајван во 2027. Кинеската армија ги развива потребните капацитети со голема брзина и секој ден се обучува“, изјави Хегсет во обраќање до форум за безбедност и одбрана во Сингапур.
  • Шефот на Пентагон истакна дека Индо-пацифичкиот регион е приоритет за администрацијата на Доналд Трамп.
  • „Азиските земји треба да го следат примерот на европските. Членките на НАТО, дури и Германија, прифаќаат да трошат по 5% од својот БДП за одбрана. Не би било разумно земјите во Европа да трошат толку, а нашите главни сојузници во Азија помалку, иако се соочени со многу поголема закана, да не ја спомнувам воопшто и Северна Кореја“, додаде Хегсет во Сингапур.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Ламин Јамал рекол дека без баба му не се слика за новиот договор

Фудбал
2

Сеќавање на малата ќеркичка, солзи и среќа на Луис Енрике

Фудбал
3

Го прашаа Ѓоковиќ кој ќе тепа во финале на ЛШ

Разно
4

Никогаш никакви поуки ние нема да извлечеме

Македонштина
5

Ќе го родиш, ќе го растеш и ќе ти испадне ваков

Видео
6

Еднаквоста ја победи зелената агенда на Макрон

Свет
7

Слава им на Пиратите

Мешано
8

Е не, Топ тема ќе гледаат

Медиуми
1

Еднаквоста ја победи зелената агенда на Макрон

Свет
2

Кугли на Сем Алтман верификуваат луѓе

Технологија
3

Трамп запре развој на вакцини против ХИВ

4

Им ја пуштале Адел на заморчиња дури не ги заболеле ушите

Занимливости
5

Србија ѝ пука во грб на Русија?

6

Харвард првпат разреши редовен професор

Свет
7

Небото до 2050-та ќе биде претесно за сателитите

Технологија
8

Ѝ го хакирале телефонот на најблиската советничка на Трамп

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Некогаш мора вака

Македонштина

Никогаш никакви поуки ние нема да извлечеме

Медиуми

Е не, Топ тема ќе гледаат

Македонштина

Само тие ли да немаат тврда дивоградба?

Балканштина

За или против комунистите?

Македонштина

Поправајте, да не се расправаме

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

И филозофирањето е опасно по живот

Леб и сол на рана

Зошто Заев нема да добие Нобелова награда

Го знаете ли Драганче?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy