
Во 2004 година, DreamWorks и нивните адвокатски гавази испратија закана до шведската торент платформа The Pirate Bayда го скинат неовластеното peer-to-peer споделување на Шрек двојката.
Овие им вратија писмо со веќе легендардно куроболие кое денес веројатно би повлекло уште пар колатерални пријави.
Здраво таму,
Како што можеби сте, а можеби и не сте свесни, Шведска не е држава во САД. Во северна Европа е. Освен ако досега не сте сфатиле, американскиот закон не важи тука. За ваша информација, ниеден шведски закон не е прекршен.
Ве молиме бидете сигурни дека секој понатамошен контакт со нас во врска со ова ќе биде игнориран и го задржуваме правото
а) да ви наплатиме за какви било правни трошоци што може да се појават како резултат на какво било понатамошно вознемирување од ваша страна;
б) да поднесеме тужба против вас и/или вашата компанија до шведскиот оддел за правда за вознемирување и за обид за примена на странски закон врз шведските граѓани.Наше и мислење на нашите адвокати е дека сте кретени и дека треба сами да се содомизирате со пендреци на склопување.
Со почит,
Анаката
Екипажот на Pirate Bay
Пет години подоцна, во 2009-та година, самата Шведска ги осуди основачите на Пират беј на по една година затвор и глоба од 3,5 милиони долари. Година дена подоцна, затворските казни им беа намалени а паричната зголемена.
Функционира и денес, да не сака некој да му најдеме торенти за новиот со Снежана?