
Новиот договор го обврзува чудесниот Јамал до 2031 година а во договорот стои откупна клаузула од 1 милијарда евра.
Клубот официјално ја соопшти веста но уште недостигаат фотографии на Јамал како што е редот. Причина зошто е одложена фото-сесијата за новиот договор е што Ламин Јамал барал баба му да биде присутна на истата а целата сесија ја поместиле кога тој ќе наполни 18 години во јули. Баба му сега не можела да дојде, а била присутна и при првиот потпис на договор на Ламин Јамал уште пред неколку години.
17-годишното чудо од играч е многу близок со баба му Фатима која во 1990-та година го напуштила Мароко и сама се преселила во Шпанија каде подоцна ги донела своите деца меѓу кои и татко му на Ламин Јамал, Мунир Назрауи.
Кога Ламин од првите големи заработки и понудил на баба му нова куќа, таа одбила и му рекла дека повеќе сака да остане во Рокафонда, работничко маало во опасната зона Матаро северно од Барселона.
Крилниот напаѓач на Барса и на репрезентацијата на Шпанија затоа често ги прославува головите со формирање на бројот 304, поштенски код на Рокафонда. Тој во Барселона дошол во 2014-та година во фудбалската школа Ла Масија. Дебитираше за Барса во 2023-та а веќе е светско фудбалско чудо.