Bookbox

Од античкиот Рим до средновековна Англија и царска Русија, историјата е полна со драматични конфликти меѓу татковци и синови. Борбите за власт, различните карактери, љубомората и амбициите честопати ги претворале семејните односи во вистински политички и лични пресметки. Некои од овие судири завршиле со бунтови, предавства, па дури и смрт, оставајќи длабока трага во историјата. 

Што всушност значи терминот „траума“? Денес тој се користи многу почесто отколку порано – за тешки животни настани, но и за секојдневни разочарувања, стресови и непријатни искуства. Летвичката за тоа што се може да биде траума е толку спуштена, што излегува дека и најмало непријатно искуство го заслужува овој опис.

Паноптикон: малку познатиот затвор на Крф инспириран од визија на британски филозоф

Паноптиконот (еден можен превод - Севид) е еден од најпознатите архитектонски и општествени концепти во историјата. Замислен кон крајот на 18 век од британскиот филозоф Џереми Бентам, тој требало да биде револуционерен модел за затвори, болници и други институции. Денес овој концепт најчесто се споменува во дебатите за надзор, контрола и приватност, но неговите траги можат да се пронајдат и во реални градби, меѓу кои и еден затвор на грчкиот остров Крф.

Манастири како кредитори: пред банките, пари позајмувале калуѓерки

Кога ќе се спомене средновековното банкарство, повеќето луѓе помислуваат на трговци, благородници или богати семејства. Но во средновековна Виена важна улога во финансискиот живот на градот имале и женските манастири. Во време кога модерни банки сè уште не постоеле, калуѓерките не само што управувале со значителни средства, туку и позајмувале пари, финансирале имотни трансакции и придонесувале за стабилноста на градската економија.

Кратка историја на навивачкиот шал

Без разлика дали се работи за натпревар во Англија, Аргентина, Германија или Бразил, едно нешто е заедничко за фудбалските навивачи ширум светот – шаловите. Денес тие се неизбежен дел од навивачката култура и симбол на припадност кон омилениот клуб. Но нивната историја не започнала како маркетиншки производ или навивачки реквизит. Напротив, првите фудбалски шалови имале многу попрактична намена – да ги заштитат навивачите од студот на британските зими.

„Црно огледало" (TВ серија)

Одлична британска телевизиска серија, која ги истражува мрачните страни на технологијата, со кои допрва ќе се соочуваме. Нешто како „Зона на самракот" на дигиталната ера, со техно тину-нину во позадина.

На денешен ден: 100 години од првиот крстозбор

На 21 декември 1913 година во њујоршки весник се појавил првиот Word Cross. Така бил создаден првиот крстозбор, и цела субкултура на заљубеници во вкрстувањето зборови наместо копја.

Во слава на писмото

Деновиве ни стигна најубавиот новогодишен подарок - пакетче со кандирани костени и писмо, со рака напишано на светло сина, рачно направена хартија. Парадоксално е: во светот во моментов се испраќаат милиони мејлови. Но мал број од нив се вистински писма.

Човекот кој не го разубавуваше сексот

Screw е неделно порнографско списание за хетеросексуални мажи, кое во САД излегува од 1968. Неговиот основач и главен уредник почина вчера (19.12) во старечки дом во Бруклин, на 77 годишна возраст.

Вашиот роденденски збор

Koj збор (во англискиот) ја одбележал годината кога сте се родиле? Бутлег, френеми, блог или паркур? Проверете сами.

Авторот на „Анархистичкиот готвач" си го повлекува зборот

Пишуваш книга на свои 19 години, полн со тинејџерски отпор кон општеството и со амбиција преку насилство да предизвикаш политичка промена. Четириесет години подоцна веќе не си истиот човек. Но твојата книга продолжува да инспирира нови генерации. Како да го спречиш тоа?

Најважниот проект кој некогаш ѝ се случил на македонската книжевност

Оние кои до сега не читале веќе нема да имаат изговор дека книгите се скапи, недостапни, или дека по книжарниците нема избор. Оние кои пак редовно си мезнуваат од книжевната трпеза, сега пред себе ќе имаат гозба од македонски специјалитети.

Осаменоста на нашите дигитални гласови

Рејчел Нол (Rachel Knoll) е родена во САД, а во моментов живее Лондон каде студира на Кралскиот колеџ за уметност. Нејзините интерактивни инсталации и видеа се занимаваат со осаменоста во дигиталното доба. Знаете на што мислиме, нели?

Кафез во кој сте „офф"

Во 1830 Мајкл Фарадеј создал нешто што е познато како Фарадеев кафез, простор изолиран со материјал кој ги блокира електромагнетните сигнали. Тоа во современ контекст значи дека ако се затворите внатре со мобилен, лаптоп или радио, ништо од сево ова нема да ви работи.

Името го даваме!

Замислете сајтов да организира наградна игра со машала главна премија, ама со единствен услов - да си го смените името (асли, во лична карта), и од утре да се викате Офко или Офнета.

Актерката на која Хичкок ѝ удирал шамари

Има денови кога културните рубрики се полни со некролози на заслужни дејци. Денес светот се простува од двајца актери - Питер О'Тул и Џоан Фонтејн. Бидејќи повеќе ќе се пишува за Лоренс од Арабија, ние ќе пишуваме за русокосата муза на Хичкок.

„Филм 43" (2013)

Ова е еден од оние филмови кои или сосема ќе ве „освежат", или ќе ги прекинете на пола и ќе посакате никогаш да не сте ги гледале. Ние сме од освежените.

Квантна физика објаснета преку пајдушко

Многу, многу ги цениме обидите за популаризација на науката и нејзино „преведување" на јазик кој може да го разбере и нормален човек. Ова е дефинитивно еден од најоткачените обиди да се стори тоа.

„Прва лекција за човекот“

Убава песна за човечката природа, од еден католички монах, мистик и борец за социјална правда. 

Биографија на човек кој никогаш не постоел

Покрај сите (авто)биографии на славните кои излегоа оваа година (Тачер, Тајсон, Морисеј, Кеш, Черчил), една отскокнува по својот концепт. Затоа што иако по сè изгледа како детален животопис на реален човек, таа е сосема измислена.

Зошто глобалната слава на Мандела е всушност лош знак?

Таа можеби маскира еден тажен факт - дека тој не успеал вистински да го вознемири глобалниот поредок на моќта.

Кукли со ликот на познати писатели

Не сме сигурни која би била целната група за ваков тип подароци. Освен што би требало да имате склоност кон книжевност и кон некои од овие автори, веројатно би требало во душа да сте и малку фетишист, да ве бива за вуду, или едноставно да го негувате детето во себе. Кукли од некои македонски автори, особено за ова вудуво, би можеле да бидат прилично профитабилни.

Анимираниот Чомски

Мишел Гондри, францускиот режисер, сценарист и продуцент („Човечка природа", „Вечниот сјај на беспрекорниот ум") направи филм за Чомски, чија жанровска определба веројатно најдобро се опишува со „анимиран документарец".

Чиј е Одисеј?

Иако под „мит" обично се подразбира приказна која може, но и не мора да содржи веродостојни ликови, локации и настани, кога е во прашање туризмот неговите џи-пи-ес координати стануваат пресудни за (не)успехот на понудата. Во случајов за Одисеј се тепаат два града во централна Италија.

Писатели од целиот свет за дигитална демократија

Повеќе од 500 писатели и уметници, вклучувајќи пет добитници на Нобел за книжевност, го осудија обемот на надзор на дигиталните комуникации од страна на државите.

Уметност од грешките во Google Books

Проект од такви размери како архивата на Google Books повлекува потенцијални грешки од различен тип. Една од нив е - додека читате книга на Гугл да ви се појави раката на оној кој ја скенирал книгата, со навлечен розов „кондом“ на прстите. Луѓе од целиот свет сега ги регистрираат овие грешки, кои се една фина пукнатина во навидум совршениот дигитален систем.

Нова книга за легендарниот њујоршки хотел

„Внатре палатата на соништата: животот и времињата на њујоршкиот легендарен Челси хотел" е нова книга на Шерил Типинс која ја раскажува приказната за еден објект кој е нераскинливо врзан за историјата на современата култура.

„Не сакам да пораснам“

На 64-тиот роденден на Том Вејтс, неколку варијации на петар-пановската тема.