Нај тину-нину фигура од целиот избор. Оди во комплет со машина за пишување и пушка. Децата можат да си играат како да талкаат низ Африка, да фаќаат руба на Куба, да ловат во Мичиген и да пијат насекаде. Многу позабавно отколку некаков Кен (со или без Барби).
Едгар Алан По со очи ко мачето од Шрек. Можеби изговара Nevermore на батерии.
Оваа е баш финка. Емили Дикинсон, со малку сплескан лик.
Ова повеќе личи на некакво глувче од дом за стари лица, ама па и Џојсне бил нешто поарен.
Винилен Хантер Томпсон.
Вирџинија Вулфод Лего.
(З)дрвен Франц Кафка.
Е оваа би сакале да ја имаме. Куртподготвен да ве прегрне. Супер за пред спиење. Значи за нас оваа.
Марк Твен во славното одело од лен и кафеавата вратоврска. Дури и брчките му изгледаат реално.
Акциски херој олицетворен во ликот и делото на Оскар Вајлд.
Бабушки (или овие се дедушки?) со ликовите на Пушкин, Толстој, Достоевски и Тургењев.
Шекспир со некои од ликовите од неговите драми.
Ко оние од Политикин забавник на времето („Обуците Цицу"), сега за Силвија Плат.
Малку поапстрактна хартиена Маргарет Атвуд, нацртана од самата авторка.
Супер сестри Бронте чии моќи се комбинирани во семоќен Бронтесаурус.