Таг: кукли

Прв музеј во светот посветен на стомакозборците

„Вентрилоквизам“ е комплицираниот назив на сега подзаборавената вештина на зборување од стомак. Еден американски музеј е дом на скоро 1000 кукли чиј глас оживувал на овој начин.

Мајки за естетско стишување на куклите

Хиперсексуалноста на куклите за девојчиња е еден од фронтовите на кои се судираат (дел од) родителите и индустријата за детски играчки. Две австралиски мајки, сакајќи нешто да направат околу ова, решаваат да им ја извадат шминката на куклите на нивните ќерки. Несакајќи започнуваат комплетно нов бизнис.

Болницата за кукли

На оние коишто немале прилика да го запознаат Синан можеме само да им порачаме - не знаете што сте пропуштиле. Обдарен со редок раскажувачки талент, тој има способност да ги хипнотизира собраните околу кафанскиот астал. Оттаму, штета што овој текст ќе го читате, а нема да го слушате со гласот на „Овидиј од Граб", како што го нарекуваат овој писател и преведувач од српското село Граб.

Кукли со ликот на познати писатели

Не сме сигурни која би била целната група за ваков тип подароци. Освен што би требало да имате склоност кон книжевност и кон некои од овие автори, веројатно би требало во душа да сте и малку фетишист, да ве бива за вуду, или едноставно да го негувате детето во себе. Кукли од некои македонски автори, особено за ова вудуво, би можеле да бидат прилично профитабилни.