За г-дин Голдштајн се вели дека е првиот кој го пласирал хардкор порнографијата во културниот мејнстрим. Како што вели и името на списанието, тука не се работело за софистицирана еротика, романтични претстави за сексот или за девојки кои се особено убави. Манифестот во првиот број вели:
„Ветуваме дека никогаш нема да избришеме пубично влакно или да задскриеме орган. Нема да ви се извинуваме за ништо. Ќе го откриеме целиот свет на сексот. Ќе бидеме Службен весник за оваа активност".
Голдштајн бил апсен безброј пати заради ширење непристојни содржини, а по неколку судски спорови сепак морал и да се извинува на страниците на списанието. Во 1977 гувернерот на Алабама, Џорџ Валас, го тужел за 5 милиони долари заради текст во кој се вели дека единствениот извор за негово сексуално образование бил весникот. Двете страни на крај се договориле за отштета од 12,500 долари но и за јавен демант на објавеното.
Во 2003, навасан од новите технологии Screw банкротирал, но две години подоцна бил рестартиран од поранешни вработени. Голдштајн се пензионирал, но неговото наследство влегло во аналите - додека Хефнер и неговиот „Плејбој" се поврзуваат со добриот вкус и обраќањето внимание на естетскиот „дојам", Голдштајн е поврзуван со обратното, со невкусното и одвратното. Вон списанието, тој од себе создал лик на забавувач, општествен критичар и губитник обземен од секс и други уживања (во еден момент тежел скоро 150 кила). Деталите од неговиот бурен живот ги има опишано заедно со Џош Алан Фридман во автобиографијата „Јас, Голдштајн: мојот заебан живот". Пред да го основа списанието (и кабловското шоу Миднајт Блу) се занимавал со фотографија (бил уапсен во Куба затоа што без дозвола го сликал брат му на Кастро, Раул), продавал животни осигурувања, возел такси, вршел индустриска шпиунажа, па дури си ја продавал и сопствената крв!
Заедно со Џим Бакли кој претходно работел како новинар, вложиле по 175 долари во првиот број на Скру во кој освен разголени фотографии, водич за порнографските книжарници, имало и истражувачки текст (читај реален тест) на вештачка вагина, напишан од самиот Голдштајн.
Иако имале проблем со дистрибуцијата, наскоро тиражот достигнал 100,000. Особено успешни биле „гонзо“ репортажите за „салоните за масажа" кои цветале во седумдесетите, со нивно оценување. Еден од броевите во 1973 достигнал половина милион примероци бидејќи имал целосно гола фотографија на Џеки Кенеди на насловната. За споредба, Плејбој во истото време продавал седум милиони, ама и пола милион било супер.
Една одлука на Врховниот суд на САД од 1973 го олеснила прогонот на порнографите. Голдштајн бил обвинет по 12 точки и се соочил со 60 години затвор. Неговите адвокати се ваделе на политичките аспекти на списанието, дека тоа претставува општествен коментар, иако самиот Голдштајн ги исмевал нивните обиди, велејќи дека „ерекцијата на читателот е единствената реална вредност". По три години судења компанијата платила само 30,000 долари и обвинувањата биле повлечени.
И на стари години Голдштајн не седел мадро. Кога имал 65 Рон Џереми му платил 500 долари да глуми во порно. Морал да испие рака Вијагри, но се исплатело - добил награда од Adult Video News за настапот. Ова веројатно го направил од аздис, но и од реална потреба за пари: во еден момент по згаснувањето на списанието бил толку сиромашен што живеел во засолниште за бездомници, и бил уапсен заради крадење книги од продавница на Барнес и Нобл.
Со оглед на тоа што вакви живописни ликови стануваат ендемични, можеме само да жалиме за неговото заминување во вечните порно ловишта. Останува неговата антологиска изјава за смислата на постоењето: „Ние сме мушички кои летаат околу газот на кучето".