Sibling, дизајн колектив од Австралија, инспириран од можните ефекти на овој пронајдок во време кога речиси и да нема населена точка на планетава каде може да се скриете од долгата рака на технологијата, одлучил да создаде негова високо стилизирана верзија.
Наречена ON/OFF, оваа кутија им нуди на нејзините посетители краток момент на раат од тоа да се биде „конектиран".
„Конектираноста се смета како безусловно позитивна состојба", вели Тимоти Мур, ко-основач на Сиблинг. „Во свет полн со нотификации, ние сме следени од социјалните мрежи, продавани од Епл и шпиунирани на Гугл Вју. Се запрашавме како би изгледала спротивната состојба, и што би можела таа да ни понуди".
Просторот внатре кафезот е 12 метри квадратни, а направен е од рефлектирачка фолија - изолатор, која функционира како бариера помеѓу надворешниот свет и внатрешноста. Посетителите влегуваат, ја затвораат вратата, и одеднаш се интернет-фри. Можат да читаат книга. Или едноставно да одморат.
Авторите имаат организирано и неколку настани во изолираната кутија, која предизвикува различни чуства кај оние кои ја испробале. Имало и такви кои ги фатило паника. Но Он/Офф нема намера да форсира тотално исклучување, туку да развива навика да се направи пауза, и да се биде сам со себе.
Извор: The Wire (со една грешка: не е Џозеф туку Мајкл)