„Шушотаж“ - кога преведувачите шепотат во увце

Неодамна научивме израз кој им е познат на толкувачите и симултаните преведувачи. И гуглајќи го наидовме на многу симпатично филмче на темата.

„Шушотер“ на француски значи „шепотење“, па оттаму и „шушотаж“, стандарден термин за техника на симултано преведување при која текстот се изговара директно во увото на слушателот или на мал број слушатели. 

Добрата страна на овој превод е што најчесто не бара дополнителна опрема и заштедува време во споредба со консекутивното преведување. Од друга страна, преведувачот мора да слуша, преведува и зборува во исто време, што може да е прилично измачувачко ако трае долго. 

„Шушотаж“ е краток унгарски филм на Барнабас Тот од 2018, добитник на повеќе од 20 награди на различни фестивали, кој се базира токму на приказна на двајца преведувачи, кои шепотат превод преку слушалки само на еден слушател на некаква конференции за разладни уреди. Многу добар пример како со одлична приказна и 16 минути се сосема доволни да се чувствувате како да сте гледале целoвечерен филм. 

Целиот филм тука

27 јуни 2023 - 20:27