Повеќето од нас го гледаа „Ирецот“, последниот игран филм на Скорсезе од 2019, дома, на Нетфликс. Ако ова беше вовед во преселба на неговите дела од големиот на помалите екрани, сега тој отиде чекор понатаму - сними филм на мобилен.
Затоа што треба Бугарите да ни покажат дека не мора секој филм да е социјално-економска-историска драма. Затоа што чуда може да се случат кога човек фантазира. Затоа што (и најважно) во филмчево е фраерски да си дебел и луѓето живеат за да јадат бидејќи најважно е да си дебел. Заради буцката и тој сувиот што толку многу сака а не може да се здебели... Почнуваме: Во свет каде што нема гравитација, а слабите луѓе одлетуваат во небото.
Во градот Труро во Англија се одржува непомпезниот, но интересен „Предизвик на филм од 50 секунди" (50-Second Film Challenge), фестивал на кој се прикажуваат филмови кои не траат подолго од пет-шестини од минута. Ова е скратена верзија од минатогодишната, кога филмовите траеле 90 секунди.