- По 13-часовна седница, Советот на Град Скопје едногласно ја прифати иницијативата на Зелен хуман град за дислокација на цементарницата „Усје“.
- Град Скопје ќе побара од Министерството за животна средина да се испита работењето на Усје и на сите големи индустриски загадувачи, како и дали целосно ги исполнуваат условите и обврските од дозволите за работа и важечката еколошка регулатива.
- Од Државниот инспекторат за животна средина се бара да спроведе серија ненајавени вонредни инспекциски надзори, со цел да се утврди фактичката состојба.
- Градоначалникот на Скопје е задолжен да се обрати до Владата за да се разгледа можноста за започнување постапка за дислокација на „Усје“ и на другите големи индустриски загадувачи на соодветни локации надвор од скопската котлина, пренесува Макфакс.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.