Роден е во еврејско семејство во Александрија, Египет, а растел во Виена и Берлин, пред да се пресели со семејството во Лондон, во 1933, истата година кога Хитлер доаѓа на власт во Германија. Почнал да предава на Универзитетот Биркберг каде предавал целата кариера, станувајќи и негов претседател.
Со децении останал приврзан кон марксизмот и на членството во Комунистичката партија на Англија, и покрај тоа што бил разочаран од политиката на Советскиот Сојуз и од други примери на извитоперување на марксистичките принципи.
Неговата последна книга, „Како да се смени светот: размислувања за Маркс и марксизмот" беше издадена во 2011. Значаен е по промоцијата на концептот на „измислување традиции", особено видлив во контекст на модерниот развој на нациите и национализмот.
Помалку е познато дека десет години секој месец пишувал џез колумна за New Statesman, под псевдонимот Френсис Њутн, според џез трубач - комунист кој свирел на албумот на Били Холидеј, Strange Fruit.