Нејзин автор е Јарко Јовановиќ, југословенски композитор со ромско потекло, кој во соработка со докторот Јан Цибула го напишал текстот за понижувањата низ кои поминале Ромите во Втората светска војна.
ОДАМ, ОДАМ
Одам, одам на далечен пат
и запознавам среќни Роми
О, Роми, од каде сте,
со шаторите крај среќните патишта?
О Роми, о народе ромски
Некогаш имав големо семејство
но Црните легии го убија
Тргнете со мене Роми од целиот свет
За Ромите патиштата се отворени
Сега е време, станете сите
Ќе се кренеме високо ако се потрудиме
О Роми, о народе ромски
Cubismo, feat. Saban Bajramovic
Шабан Бајрамовиќ и Јосипа Лисац, во живо
Оливера Катарина, од филмот „Собирачи на пердуви“
Есма Реџепова