Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Загрепскиот филхармониски оркестар извади од репертоарот „весели“ дела на Чајковски

26 февруари 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Во знак на солидарност со Украина, Загрепската филхармонија повлече две дела од Чајковски од вчерашниот (25.2) концерт во салата Лисински. 
  • На програмата остана делото Концерт за виолина и оркестар во Д-дур, додека побрзото Италијанско капричо оп. 35 и 45, како и Симфонијата во ф-мол оп. 36 се заменети со дела на Бетовен и Барбер. Идејата е реализирана во договор со диригентот Давид Рунц од Полска. 
  • Хрватскиот народен театар (ХНК) од своја страна објави дека го откажува концертот Руска серенада, кој требаше да се одржи на 6 март. Од таму изјавиле дека ова наводно нема врска со актуелната ситуација, туку со технички проблеми. 
извор

Почнува „Еуродрам“ во Скопје: 60 учесници од 28 земји

27 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Со промоција на книгата „Зад мене белина“ од австрискиот театарски и оперски режисер Мартин Кушеј, вечерва (27.10.) во 18.30 часот во барот „Бистро“ на Театар Комедија, ќе почне работниот дел на Генералната асемблеја на „Еуродрам“ – Европската мрежа за драма и превод. Книгата на македонски јазик ја преведоа Дарко Јан Спасов и Горан Додевски, а за делото ќе зборуваат Тина Махкота, Ѓорѓи Јолевски и авторот Мартин Кушеј.
  • На настаните до 1 ноември ќе учествуваат 60 драмски автори, преведувачи, режисери, драматурзи, издавачи и театарски професионалци од 28 земји. Манифестацијата се одржува во знакот на 25-годишнината од основањето на мрежата, а програмата опфаќа сценски читања, промоции на книги, преведувачка работилница, панел-дискусии и театарски претстави.
  • Еден од значајните настани ќе биде промоцијата на „Каталог на македонски драми во избор на Еуродрам, 2001–2026“ од Иван Додовски. Изданието содржи преглед на 32 избори со 30 различни драми од 18 македонски автори. Каталогот е на англиски јазик и е наменет за преведувачи, режисери, издавачи, истражувачи и други професионалци заинтересирани за македонското драмско творештво.
  • Манифестацијата ја организира „Еуродрам“, мрежа на повеќе од 300 театарски професионалци од светот, во партнерство со Театар Комедија – Скопје, кој е главен домаќин. Јавната програма ќе се одвива на повеќе локации, меѓу кои Театар Комедија, Европска куќа – Скопје, „Лабораториум“ и книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.

Целата програма по денови тука

извор

Играјте „Шестерка“

24 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Оние што како нас секој ден решаваат Зборле знаат дека зборовите почнаа да се повторуваат - сепак со пет букви има ограничен фонд. Сега на Михаил Стевчев му текнало да направи зборле со 6 букви - Шестерка. 
  • Кодот му е опен сорс на неговиот Гитхаб профил, а повеќе детали како одел процесот има во овој пост.
  • Го пробавме денес и добро е - оди на линкот.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Балканштина
2

Жан-Лук Пикард стигна до својот „final frontier“

3

Има ли вистина после УСАИД?

Медиуми
4

Лесно е човек да ја засака Македонија и да ги разбере Македонците

Разно
5

Двојазичност на албански начин

Македонштина
6

Микробиолошкиот „Џони Деп“ ја доби микробиолошката „Амбер Херд“

Работа
7

Има ли Германија интерес да ја заврши војната во Украина?

Мислења
8

Македонија повторно на ѕидот на срамот во ОН

1

Расте популарноста на „слушачките барови“

Bookbox
2

Кога било „ин“ да имаш портрет со твоите дебели крави

Bookbox
3

Лудиот научник што оживеал куче, а потоа сакал истото да го прави со луѓе

Bookbox
4

Сина, зелена, бела - немаат сите живи суштества црвена крв

Bookbox
5

Клишеата не се толку лоши колку што ги бие глас

Bookbox
6

Играјте „Шестерка“

7

Трагедијата да бидеш избришан на Википедија

Bookbox
8

Почнува „Еуродрам“ во Скопје: 60 учесници од 28 земји

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Не давајте лесно збор

Балканштина

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Балканштина

Стручна анализа на изборен пораз

Балканштина

Желботека

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Феѓа Штукан: Паметните веќе немаат луксуз да молчат

Како медиумите ја саботираа саботажата на Северен тек

Македонија, години кои ги изеде мозокот

Курчење

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy