- Во нова колумна на Венко Андоновски објавена во Нова Македонија, тој се занимава со односот меѓу моќта - идеолошка категорија и телото - биолошка. Крајната цел на секоја тоталитарна идеологија е да го покори телото, затоа што телата се тие што маршираат во воен строј, водат војни, гласаат и можат да се управуваат.
- Тоа најдобро се гледа врз примерот на гениталиите, кои се епицентар на судирот меѓу билогијата и идеологијата, судир на телото со моќта. Но што кога паланката трпи недостиг од тела, односно материјал врз кјо би можела да ја тренира својата дисциплина? Што се случува кога другиот тип паланчани (откако поминале една ноќ во големиот град или во мотелот на половина пат) ќе отрикјат дека гениталиите можат да служат и за задоволства и уживање, а не само за репродукција?
- „И, додека овие две паланечки војски (отелотворени дури и во спротивставени партиски „програми“) водат војна околу функцијата на гениталиите, речиси никој не гледа дека и едните и другите со своите радикални ставови предизвикуваат ист ефект: масовно иселување на младите. Не гледаат дека гениталиите, кај гладниот и безработниот, немаат смисла ни како извор на уживање ни како „алат“ со кој се гарантира опстанокот на „родот“. Човек со празен стомак ниту помислува на деца и семејство ниту на „бесполезен“ оргазам. И така, си се сменуваат на власт „конзервативните гениталци“ и „авангардните гениталци“, а нашите деца секојдневно се иселуваат, без разлика дали сакаат со гениталиите да создадат семејство или да уживаат во нив.“
- Во вторник, 28 јули од 20:30 часот во Сули-ан ќе биде промовирана поетска антологиja, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, која обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопje и неговата мемориja. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен jaзик сведочат за архитектонското наследство што го преживeaло земјотресот.
- Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретациja на Скопje како простор во кој минатото и сегашноста постоjaно се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоциjaции за времето, сеќавањaта, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите обjeкти.
- Посебно место во изложбата имаат фотографии кои се изработени со посебна техника така што под дejство на сончевата светлина со текот на времето постепено ќе исчезнат, метафора за Скопje кое полека го менува своjот лик. На тоj начин, изложбата не е само навраќање кон сеќавањето на земјотресот од 1963 година, туку и размислување за современото Скопje, неговите трансформации и постепеното исчезнувањe на делови од неговиот препознатлив урбан идентитет.
- Утре ( 26 јули) во 20: 30 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на етномузиколог и фоклорист Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот. Монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов беше промовирана во декември 2023.
- Веднаш по земјотресот во Скопје на 26 јули 1963, Хаџиманов со касетофон ги снимал тажачките песни или редачките на гробиштата на погребите на загинатите, потоа нотно и текстуално ги запишувал, а овие белешки и снимки стоеле долго во архивата на МАНУ, каде што ги однел неговиот син Зафир.
- Утре покрај изложбата, ќе биде промовирано и дополнетото и двојазично (на македонски и англиски) издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“. Настанот се одвива во знакот на одбележувањето на 120-годишнината од раѓањето на Васил Хаџиманов.