- Луѓето често несвесно ja менуваат својата интонација и акцент кога се наоѓаат во друштво со некој што зборува поинаку, што се толкува како природен импулс на прилагодување на околината или „социјална акомодација“. На детска возраст овој феномен помага во учење нови звуци, зборови и јазици.
- Неодамнешна студија покажува дека ова го прават и други животински видови и дека феноменот е пораширен отколку што се претпоставуваше претходно. Истражувањето се однесува на африкански пингвини, кои формираат големи колонии, а внатре нив воспоставуваат односи со партнери и припадници на истата група. Тие комуницираат со широк опсег повици, па дури и со такви кои звучат како други животни (на пример како магаре).
- За разлика од други видови животни, пингвините не можат да научат нови звуци и нивните вокализации се генетски предодредени. Но честото комуницирање со едни и исти партнери или „другари“ прави нивната интонација да се изедначува. Така, одреден пингвински пар или група развива свој аудио печат, кој се разликува од оној на друг пар или група, и претставува основа за распознавање на инсајдерите и на туѓинците.
- Нова објава на порталот „Арно“ е посветена на некогашните и сегашните книжарници во Скопје. Нолит, Табернакул, Култура преку Камениот мост и во Ристиќева, Мисла, Икона...„Во нив можеше да влезеш без да знаеш што бараш. Ќе разгледаш што пристигнало, ќе отвориш книга поради необичниот наслов, ќе препознаеш автор за кого си слушнал од пријател. И пред да се свестиш поминал еден час, можеби и неколку часа. Потоа ќе излезеш со книга што немала никаква врска со причината зошто си влегол во книжарницата. Неколку дена подоцна, повторно си таму.“
- Книжарниците во Скопје беа и места за такви средби. Со книги, со луѓе, со идеи за кои дотогаш не сме знаеле дека постојат. Новата мапа на Арно.мк ги поврзува старите книжарски адреси со нивните приказни, преселби и денешни продолженија.
- Кликнете на линкот на кој во моментов има 17 записи за 15 локации.
- Овогодишната Нобелова награда за економија им припадна на Американците Роберт Хол и Мајкл Вудфорд за нивното истражување на микроекономските основи на макроекономската стабилизација.
- Истражувањето на Хол и Вудфорд покажа дека макроекономските модели стануваат посилни кога поаѓаат од однесувањето на поединечните домаќинства и претпријатија. Нивната работа сè уште претставува важна основа за современата економска политика.
- „Работата на лауреатите ни обезбеди стабилна теоретска основа за моделите што сега ги користат централните банки и владите ширум светот“, се вели во соопштението на Комитетот. „Благодарение на работата на Хол и Вудворд подобро сме подготвени да се справиме со економските шокови, како што се енергетските кризи или ненадејните промени во потрошувачката на домаќинствата“.
- За време на нафтените кризи во 70-тите години на минатиот век, постоечките кејнзијански модели што долго време се користеа за одредување кога и како треба да се спроведат мерки за справување со рецесии или други економски флуктуации, престанаа да функционираат. Тоа ги поттикна Хол и Вудфорд да развијат нови алатки за разбирање на тоа кои политички одговори би биле најефективни.