- Романот „Засолниште во времето“ на Георги Господинов, преведен на англиски од Ангела Родел, е првата книга напишана на бугарски која ја добива престижната Меѓународна Букерова награда (International Booker Prize). Со тоа Господинов им се придружува на претходните добитници, Исмаил Кадаре, Алис Манро, Филип Рот, Олга Токарчук и др.
- Претседателката на жирито, мароканската авторка Лејла Слимани, го опишува романот како „брилијантен, полн иронија и меланхолија - длабоко дело кое се занимава со современи прашања, но и со тоа што се случува со нас кога ќе исчезнат спомените“.
- Наградата во износ од 50.000 фунти се дели рамноправно помеѓу авторот и преведувачот. Таа се доделува на годишно ниво за роман или збирка кратки раскази на кој и да е јазик, преведени и објавени на англиски во Британија или Ирска.
- „Засолниште во времето“ (која пред неколку месеци беше промовирана во Скопје) е четврта книга преведена на англиски на Господинов.
Букбокс осврт тука
- Дали е чудно да се каже антропологинка, етнологинка или гинекологинка? Одговорите на овие и многу други прашања ќе бидат во фокусот на дискусијата „Од каде сега феминативи?“, што ќе се одржи на 4 јуни (четврток) во Лабораториум со почеток во 19 часот.
- Иницијативата „Зборци“ организира отворена дискусија посветена на феминативите и нивната улога во современиот македонски јазик. Настанот ќе отвори разговор за тоа колку сме подготвени да ги менуваме јазичните навики и како зборовите влијаат врз начинот на кој ја разбираме и обликуваме реалноста.
- На настанот ќе се обратат проф. д-р Симон Саздов од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, етнологинката и антропологинка Јана Коцевска и македонистката и лекторка Татјана Б. Ефтимоска. Организаторите најавуваат отворен разговор во кој публиката ќе има можност активно да се вклучи и да придонесе кон дебатата за јазикот, родот и општествените промени.
- Филмот „Фјорд“ од романскиот режисер Кристијан Мунџиу ја освои Златната палма вечерва на 79-от Меѓународен филмски фестивал во Кан, објавија француските медиуми. Мунџиу ја доби својата прва Златна палма во 2007 година за филмот „4 месеци, 3 недели и 2 дена“.
- Гран при наградата ја освои продукцијата „Минотаур“ од рускиот режисер во егзил Андреј Звјагинцев, додека наградата на жирито ја доби филмот; „Сонуваната авантура“ во режија на Валеско Гризебах.
- Наградата за најдобар режисер им припадна на Хавиер Калво и Хавиер Амбрози за филмот „Црната топка“ (La Bola Negra), како и на Павел Павликовски за филмот „Татковина“.
- Претседател на жирито оваа година беше јужнокорејскиот режисер Парк Чан Вук, а во жирито беа американската актерка Деми Мур (Мур) и кинеската режисерка Клое Жао.