Одговорот на тоа дали „синоним“ има синоним, во англискиот и во други јазици, е малку сложен. Некои речници го наведуваат „метоним“ како синоним за синоним, но нивното значење не е истоветно. Оксфордскиот речник на англиската граматика го дефинира синонимот како „збор или израз кој го означува истото, или речиси истото, како друг збор во истиот јазик“. Метоним пак е јазично изразно средство кога со називот на еден предмет или поим се именува друг поради нивната блиска врска. На пример „круната“ може да замени „крал“, или „Вашингтон“ може да е замена за американската влада.
Но има уште една можност: ПИСИЛОНИМ (poecilonym). Тоа е веројатно најглискиот синоним на синоним, иако е архаичен и ретко се употребува. Тој е вклучен во книга на лексикографот Дејвид Грембс од 1997 под наслов „Загрозен речник на англискиот јазик“ и за него тој вели: „Ова е стар синоним за синоним, и исто како и голем број зборови во овој речник нема соодветна замена во денешниот англиски“.
За нештата да бидат уште покомплицирани, има лингвисти (и „обични“ луѓе) кои тврдат дека всушност не постојат вистински синоними, односно дека секој збор си има своја нијанса на значење и не е баш сеедно кој од нив ќе биде употребен. Иако нивното значење може да е (речиси) исто, тие ја немаат истата конотација, распределеност и зачестеност. На пример „куќа“ и „дом“ може да се наведени како синоними, но тие сепак не се исто.
Така, и писилоним може ја нема(ле) истата конотација како синоним, ама сега тешко дека би можеле да го знаеме тоа. Битно добро звучи за правење важен пред друштво.