Некои од најчесто користените зборови во англискиот јазик како да се создадени од некој со ѓаволест смисол за хумор. Зборот „моносилабик“ (што значи „составен од еден слог“) не е едносложен, „лонг“ е составен од само четири букви, „лисп“ (говорна маана, како шушкање) е тешко за изговарање ако некој шушка, а зборот „синоним“ нема синоним. Или можеби има?