Bookbox

Пештерскиот човек никогаш не би одел на пилатес

Нова книга го отфрла популарниот мит дека вежбањето е нешто што природно им лежи на луѓето. Мала прелиминарна утеха за да ги поминеме празниците легачки.

Откритија од 2020 кои можат да водат до нови пронајдоци

Повеќето откритија за кои станува збор имаат врска со начинот на кој преживуваат риби, бумбари, молци и пчели. Очигледно има уште многу што би можеле да научиме од нив, иако начинот на кој би го користеле тоа знаење може да биде и морничав.

Демоните како помагачи на науката

Обично етикетирани како „суеверија“, верувањата во зли натприродни суштества не се примитивни и ненаучни - тие се од суштинско значење за нашето разбирање на светот.

Заборавениот интерпункциски знак кој добро ќе ни дојде во 2021

Бил предложен во 1960-тите, а чувството што го рефлектира ни е познато и сега. Но веројатно ќе биде актуелно и следната година.

Историја на божикниот колач панетоне

Има форма на купола, правењето трае (пре)долго, ама резултатот е толку вкусен што се јаде за миг. Италијанците се обидуваат да го заштитат својот божикен колач од напливот инфериорни имитации.

Kaде се сите 1100 слики на Боб Рос?

Боб Рос е еден од најпопуларните американски сликари на 20 век. Најпознат е по три работи: „ладна“ фризура, шармантен карактер и сликање (кичести) пејзажи, во антологиски видеа со седативен ефект. Проблемот е што до скоро никој не знаеше каде му се сликите.

Како изгледал пандемискиот Божик 1918

Додека денес дел од светот се подготвува да го прослави Божик по грегоријанскиот календар, се потсетуваме како тој изгледал во Америка за време на пандемијата на шпанскиот грип.

Зошто способните често не сакаат да бидат на раководни позиции?

Ново истражување тврди дека постојат три највообичаени замислени ризици кои се поврзуваат со лидерството. Сосема доволно за способните а самокритичните да не се нафаќаат на раководни позиции.

Италија ќе отвори Музеј на италијанскиот јазик

На 700-годишнината од смртта на Данте Алигиери, во Фиренца ќе биде отворен музеј посветен на историјата и еволуцијата на италијанскиот јазик.

Зошто раката на Наполеон му е секогаш во палтото?

Кога би требало да го имитирате, веројатно првата поза која би ви паднала на памет би била онаа со десната рака пикната во униформата. Но иако изгледа препознатливо „наполеонска“, таа е многу пораспространета.

Оваа година на Виенскиот новогодишен концерт ќе може да се аплаудира преку апликација

Знаете оној момент на маршот Радецки кога диригентот дава сигнал елитната публика во Музикферајн да почне да држи такт, па ги кара ако се многу бучни, а овие па никако да научат? Е, оваа година сето тоа ќе се одвива во празна сала.

„Тапаните на Купидон“: кратка историја на прслукот

Годината која изминува ни помина во знакот на слушањето подкасти и правењето сопствен. Помеѓу најинтересните до кои дојдовме се издвојува еден на историски теми. Ама не онаква историја на „серење мермер“ (цитат од филмот „Амадеус“), туку таква која открива суптилни и често скришни аспекти на животот на обичните луѓе во минатото.

Јапонскиот војник кој 30 години не признавал капитулација

После „Брејкинг бед“ и „Бетер кол Сол“ мислевме дека веќе нема серија што ќе ни го привлече вниманието. Ама третата сезона на „Фарго“ содржи неочекувани пресврти, и по некоја историска лекција.

Фрази и нови кованици кои ја одбележаа 2020-та

Вообичаено речниците на англиски јазик бираат збор на годината, а тоа се прави и во други говорни контексти (германски, француски). Но Њујорк Тајмс одлучи да одбере неологизми (нови кованици) како и изрази кои се користеле и претходно но сега или се актуелизирале или добиваат ново значење во контекст на пандемиската 2020.

Епидемијата на коњски грип од 19 век која ја парализирала американската економија

Во време кога коњите биле од суштинско значење за економијата на САД меѓу нив почнала да се шири смртоносна болест, која ја закочила целата економија.

Историја на ПЕЗ-бонбоните - некогашни средства за одвикнување од пушење

Еден од детските артефакти кои го преживеаа технолошкиот прогрес во последниве неколку децении се ПЕЗ бонбончињата и оние пластични куклички во кои се ставаат, кои како џубокс исфрлаат по едно. Но тие првично не биле наменети за деца.

Сте слушнале ли за цаконски јазик?

Името му звучи како некој измислен јазик од научно-фантастични филмови. Всушност станува збор за загрозен говор на кој зборуваат уште само 2000 луѓе на Пелопонез.

Од роман за климатски промени до истражување на животински пениси: книги на 2020

Списокот го составивме консултирајќи повеќе сајтови и извори, а се состои од книги на различни теми, од политика до биографии. 

Документарец за еден од ретките преживеани македонски Евреи

По објавувањето на сторијата за шпанскиот дипломат кој спасил 150 македонски Евреи, дознавме за приказната на Соломон Адизес, еден од преживеаните од таа страшна 1943, кога бугарската војска од железничката станица во Скопје испратила повеќе од 7000 Евреи во логорот Треблинка.

Минијатурните насликани „очи“ кои ги разменувале љубовници од 18 век

Биле наречени „очи на љубовниците“ и се разменувале помеѓу парови во Британија во втората половина на 18 век. Од денешна перспектива делуваат троа морничаво, но да се добие ваков подарок значело дека работата е за сериозно.

Како мирисало минатото?

Кога замислуваме некој простор во историјата, на пример градот Скопје, ретко го земаме предвид мирисниот пејзаж. Сигурни сме дека луѓето би зборувале малку поинаку. Облеката секако би им била различна. Но како ли мирисало?

Опстанокот на к’сметлиите

Природната селекција не е единствениот начин на кој еволуираат видовите. Има нешто и во тоа просто да имаш среќа.

Жената која преживеала две години сама на Арктикот

Кога спасителите конечно ја нашле Ада Блекџек, таа била сама, со мачка по име Викторија. Тие две биле единствените преживеани од петмината заминати на експедиција на остров на Арктикот.

Како дипломат анти-семит спасил 150 македонски Евреи

Хулио Паленсија бил шпански дипломат, верен на режимот на Франко. Иако најпрвин истапувал со анти-семитистички ставови, неговата сопруга го предомислила. Нови докази укажуваат на тоа дека тие спасиле 28 семејства македонски Евреи во моментот кога бугарската „администрација“ требала да ги испрати на последно патување, од скопскиот монопол, до Треблинка.