Сте слушнале ли за цаконски јазик?

Името му звучи како некој измислен јазик од научно-фантастични филмови. Всушност станува збор за загрозен говор на кој зборуваат уште само 2000 луѓе на Пелопонез.

Цаконскиот јазик се смета за потомок на дорскиот, древно-грчки јазик кој денес се третира како дијалект на стандардниот грчки, иако според многумина би требало да се смета за посебен. Неговите говорители се сметаат за потомци на древна Спарта и дел од поширокото културно наследство на цаконскиот регион, на југ на Пелопонез.

Денес само околу 2000 од 10-те илјади жители на Цаконија го зборуваат овој јазик, кој е ограничен на 13 градови, села и населби околу планинското село Пера Мелана и градот Леонидио. Иако грчкиот е официјален јазик, цаконика се зборува дома и поретко на јавни места. Сепак, неговата иднина е несигурна.

Јазикот е базиран на дорскиот кој го зборувале древните Спартанци и е единствениот преживеан дијалект од западниот огранок на хеленските јазици. Наспроти ова, современиот грчки е базиран на јонските и атичките дијалекти на источниот огранок. Иако користат ист алфабет, цаконика има поголем број фонетски симболи и се разликува по структурата и изговорот, па оттаму Грците не го разбираат. По „зипуван“ е во изразот, а ова се должи на неговата врска со некогашниот лаконски, дорски дијалект зборуван во спартанската држава Лаконија (од таму и терминот „лаконски“ за нешто кажано со малку зборови кое сепак ја погодува суштината. Во спомнатиот регион често се среќаваат двојазични табли, со туристички информации. На овој пишува „Нашиот јазик е цаконски, прашајте да ви објасниме“.

Причината за различниот јазик на ова население е што поради географските бариери тоа останало релативно изолирано од остатокот од Грција до 19 век. Но развојот на масовното образование и подобрените можности за патување значело и рапидно намалување на бројот на активни говорители. Еве како звучи:

извор

17 декември 2020 - 08:12