Bookbox

Од пирати до хакери: тајната економија на изнудувањето

Успешните киднапери (на луѓе или податоци) ја разбираат врската помеѓу ризикот и наградата. И истата ја експлоатираат.

Џон Лок - таткото на либерализмот - бил „суетен, мрзлив и помпезен“

Новооткриен мемоар на долгогодишен пријател на филозофот тврди дека „големиот“ Лок всушност бил плагијатор и лажел дека никогаш не го читал Хобс, чии идеи всушност ги презел.

Што е тоа „цртање со зборови“?

Од тоа кога некој го пее зборот „ниско“ во низок тоналитет, до посуптилни aсоцијации кои се разбирливи само ако се знае малку музичка теорија, ова е интересна техника која е почеста отколку што се очекува.

„Лето е, и животот е лесен“ - приказната за антологиската песна на Гершвин

Со над 25.000 верзии, „Самертајм“ е најпреработуваната песна на светот. Напишана во 1934, таа е всушност оперска арија.

Индекс, историја на

Под „индекс“ не подразбираме студентска книшка, туку алатка која се наоѓа на крајот на (главно) стручните книги, каде под азбучен ред се наведени важни термини заедно со бројот на страници на кои тие се спомнуваат. Нова книга се однесува на историјата на овој важен додаток.

Допаминот наш насушен - како станавме дигитални зависници?

Нова книга на психијатарот Ана Лембке ја поврзува нашата опседнатост со мобилните телефони со инстинкт стар милиони години - принципот на потрага по задоволство, а одбегнување болка.

„Сочувство за тапанарот“: зошто беше важен Чарли Вотс?

Вчера, 24.8, на 80-годишна возраст почина „поетот на тапани“, „архитектот на рокенролот“, музичарот кој веројатно би било погрешно да се опише како член на Ролинг Стоунси. За многумина (а и за него, кога бил изнервиран) Мик, Kит и Рони биле членови во неговиот бенд.

„Кенсл ми“: нова документарна серија на Џон Клис

Некогашниот Пајтоновец ќе интервјуира „лустрирани“ јавни личности, истражувајќи ги сите аспекти на политичката коректност, која како што вели самиот, сè уште не му е баш јасна.

Нов готвач со рецепти од Симпсонови

Красти бургер, коктел Флејминг Мо, крекерите на Марџи...Нова книга овозможува да се направат јадењата и пијалоците спомнати во серијата.

Кога Вислава Шимборска пишувала анонимна колумна со совети

„Како да почнеш да пишуваш (а потоа да престанеш)“, е нова збирка колумни кои нобеловката Шимборска ја пишувала за полско списание цели 21 година. Англиското издание се очекува да излезе на 5 октомври, а ќе биде илустрирано со нејзини цртежи и колажи.

„Психологија на пандемијата“: книгата којашто никој не сакаше да ја објави

Во октомври 2019 австралискиот психолог Стивен Тејлор објавува нешто што подоцна ќе излезе пророчка книга. Тоа едвај му успева, бидејќи издавачите на коишто им се обратил не верувале во нејзината релевантност и комерцијалност. Сега се бара примерок повеќе.

Што ако во некој јазик нема зборови за „фосил“ или „диносаурус“?

Природно-научните термини и концепти понекогаш се комплицирани самите по себе. Но ова дополнително се усложнува доколку во одреден јазик воопшто не постојат зборови за нив.

Битни, ама „валкани“: работните места за кои не сакаме да слушаме

Вработени во кланици, затворски чувари. Без голем дел од вакви и слични „валкани“ работни места не би можел да се одвива секојдневниот живот. Па сепак, за нив ретко се зборува, а и луѓето најчесто се срамат од она што чесно го одработуваат. Нова книга се обидува да ги регистрира нивните приказни. 

Астронаут ќе диктира од вселената, Французите ќе запишуваат

На 5 септември во 15 часот, Томас Песке од меѓународната вселенска станица ќе прочита извадок од роман на Маргарит Дирас. Снимката потоа ќе се искористи за натпревар во коректно запишување, кој неколку години се одржува во Франција.

Нов светски рекорд на бројот „пи“: чуму?

Славниот број има практична употреба - барем така велат математичарите. Но дали времето и напорот да се пресметаат илјада милијарди цифри навистина вреди?

Апел на авганистанска режисерка: „Талибанците ќе ја забранат уметноста“

Авганистанската режисерка Сахра Карими преку отворено писмо ги повикува колегите и љубителите на филмот од целиот свет на помош и солидарност воочи „мрачното владеење“ кое според неа ќе следи во земјата, а чија жртва ќе биде и уметноста.

Вакцините се како чадор? Како воздушни перничиња? Како кондоми?

За да се пренесе пораката за корисноста на вакцините политичарите, новинарите и медицинските лица мораат да бидат реторички опремени со метафори кои се јасни, „заразни“ и кои ќе го имаат посакуваниот ефект. Но дали тоа е воопшто можно, во кој и да е јазик?

„Замотана“ Триумфална порта: остварување на сонот на Кристо

Работите на прекривањето на портата започнаа по Денот на Бастиља, 14 јули, со тоа постхумно остварувајќи го проектот на уметникот и неговата сопруга кои тие го замислувале уште во 1962.

Ворен Елис напиша книга инспирирана од мастика на Нина Симон

Во септември ќе излезе необичен мемоар од долгогодишниот соработник на Ник Кејв, за „сувенир“ собран на последниот настап на Нина Симон во Лондон.

Доли Партон пишува роман со Џејмс Патерсон

Книгата се вика „Трчај, Роуз, трчај“ и ќе биде објавена во март 2022. Истовремено, ќе излезе и албум со 12 нови песни, поврзани со романот.

Зошто Ѓаволот е најдобар во водење состаноци?

Порано создававме нешта. Сега имаме состаноци. Секоj работен ден само на американските работни места се одржуваат 50 милиони состаноци. Но не дека ова е нешто ново - го има и во класичните дела од сите епохи.

Антиваксерското движење од почетокот на 20 век

Од нивното воведување во раниот 19 век во САД, вакцините предизвикале подем на антиваксерски движења. Отпор имало во различни идеолошки групи, но сите биле поврзани со аргументи кои звучат прилично познато еден век подоцна.

Древниот персиски начин на ладење

Од древен Египет до Персиското царство, еден начин на фаќање и искористување на ветерот ги освежувал луѓето со милениуми. Во потрага по еколошки начин на ладење, „фаќачот на ветер“ можеби повторно ќе стане модерен.

Ве молам, не читајте на плажа

Kaко што тргнало, не ни гинат нови рестрикции и карантини. Затоа, не губете време на плажа со читање. Уживајте во песокот под прстите, во плимата и осеката, и сите сетилни дразби на тоа да се биде надвор. Удобната столица крај прозорецот нема да избега цела есен и зима.