Ацтеките го нарекувале „кветлачосит“, а растението кое кај нас е познато како „божикна ѕвезда“ (латински Euphorbia pulcherrima) имало долга историја на употреба во регионот на средна и јужна Америка. Кога таму пристигнал Џоел Робертс Поинсет, лекар и дипломат, прв кој во такво својство дошол во Мексико на почетокот на 19 век, ги забележал прекрасните ѕвездести џиш црвени листови со кои европските мисионери ги украсувале божикните претстави за раѓањето на Исус. Тој испратил неколку коренчиња во татковината, и со тоа започнал мода на негово одгледување и трговија. Така, во негова чест Американците почнале да го нарекуваат растението „поинсета“. Истовремено, денот на растението, 12 декември, е поврзан со датумот на неговата смрт.
Но неговото наследство е историски контроверзно. Тој бил робовладетел и остар поддржувач на американската експанзија. Во текот на својот мандат извршил раселување на илјадници домородни Американци. Додека извршувал дипломатска мисија во Мексико толку многу се мешал во локалната политика, што на крај љубезно го замолиле да си замине.
Поради ваквата историја, и поради фактот дека САД се уште држи лукративен пазар на божикни ѕвезди, истовремено ограничувајќи го нивниот увоз од Мексико, денес многумина велат дека името треба да се промени, односно дека треба да се врати старото. Ацтеките ги користеле цветовите за да прават црвено-виолетова боја за ткаенини, а млечната течност што тоа ja испушта како лек против треска. Замисливме како на Буњаковец викаат „ајде, кветлачосит, 3 за 500“.