Да не бил баронот Јустус фон Либиг, прославатa на Нова година би можела да изгледа сосема поинаку. Па сепак, и покрај неговиот изумителски опус, во кој спаѓаат и огледалата кои ги имаме низ дома, ретко кој слушнал за него.
Секојдневните траги кои ги оставаме во нашите текстови - мејлови, блогови, фејсбук постови - можат да откријат многу повеќе од приватни детали. Изгледа дека она што го пишуваме, и како го пишуваме, може да содржи информации за нашето идно „јас“. Тоа го покажува истражување на делата на Агата Кристи и тн. „Студија на калуѓерките“.
Не мислиме да му ја земеме работата на Кирил, ама па и ние сме души. Такви кои во моментот кога ќе се почувствува новогодишна атмосфера го намирисуваат панетонето во локалните продавници и купуваат десетина кутии, сметајќи дека ќе трае до пролет. До стара-нова не е останата ни ронка.
Стресот, ерозијата на границите помеѓу приватното и професионалното и намалувањето на опциите за релаксирање по напорниот ден во текот на актуелната пандемија, прави да сме посклони да опцуеме, макар и само симболично.
Јасно е дека е подобро да јадеш и да пиеш отколку да читаш како сето тоа се прави, но има и нешто во жанрот, кориците и илустрациите, и воопшто славењето на храната во овие книги што прави да ти дојде вода на уста.
Да можете да бирате дали порадо би шизеле пред кооперација со развеселени селани насликани од четката на Питер Бројгел постариот, или би сркале варено вино рассоблекувајќи се од жештини, како што го прават обожавателите на алкохолот кај Тицијан? Всушност, делата и не се толку различни, бидејќи (скоро) сите с(м)е исти по неколку пијачки.
Приказната што со децении се шири за втората жена на Ленон беше дека таа е главната причина што Битлси се распадналe и дека е генерално една таква, никаква, агресивна како и нејзиното пеење. Новиот документарец на Питер Џексон покажува сосема поинаква слика.
Од раните експерименти со електрониката, преку даб, краутрок и техно, електронската музика има долга историја која сега се прославува во едно од родните места на жанрот, Дизелдорф.
Не знаете што да подарите оваа година? Нудиме мал историски преглед на подароци кои владетелите, политичарите и влијателните личности си ги разменувале, сигнализирајќи кој е кој во хиерархијата, или очекувајќи нешто друго за возврат.
Типичното „логично“ размислување е дека популарноста на еден медиум директно се преведува во популарност на друг. Но бројот на следбеници на социјалните медиуми можеби помагаат да се потпишат договори за книги, но не и тие да се продадат во очекуваниот број.
Вечерта пред нејзината егзекуција во 1587, шкотската кралица Мери напишала нешто што се смета дека е нејзино последно писмо и тестамент. До сега тоа беше „заклучено“.
Повикот за учество на волонтерите подразбирал пополнување прашалник од цели десет страници. По изборот на најсоодветните кандидати, од 400 пријавени, ова се 18-те кои пеат нешто што веќе не звучи (само) како љубовна песна.
Филмот на Питер Џексон во три дела ги следи секојдневните проби на членовите на Битлси кои ќе доведат до создавањето на нивниот последен студиски албум, Let It Be. Секој и малку упатен обожавател на бендот може да каже што се случило по таа 1969 со Џон, Пол, Ринго и Џорџ. Но што е со останатите?
Историчарите кои се занимаваат со средниот век знаат дека истражуваат период кој е погрешно разбран и кој се користел (а можеби и уште се користи) за оправдување на однесувањата на некои од најлошите луѓе во историјата. Овој факт за нив е извор на бескрајна фрустрација, бидејќи за нив средниот век е комплексен, интересен и влијателен.
Се викала Етел Лина Вајт, а нејзините крими романи биле споредувани со оние на Едгар Алан По, Агата Кристи и Дороти Л. Сајерс. Денес малкумина се сеќаваат на нејзиниот лик и дело.
Го опишуваат како нешто што личело на мелница за бибер. Или на рачна граната. Лесно се носел во рака и всушност служел за пресметување. Но освен што е интересен како предмет, тој е врзан за уште поинтересна историја.
Некои од оние чии имиња ги сметаме за најголеми во светот на уметноста, биле сосема непознати во текот на своите животи. Тоа дека по смртта нивниот талент е сепак признаен ни дава надеж, дека генијалноста кога-тогаш триумфира.
Нова книга е опишана како провокативна историја на случаи кога луѓе (главно мажи), поради склоп на околности, биле издигнати на божествен пиедестал. Преку нивните приказни таа индиректно ја истражува потребата некои помеѓу нас да се над-луѓе.
Приказната од наградуваниот бродвејски мјузикл, именуван според славниот албум на Морисет, „плаче“ за преточување во книга наменета за тинејџери. Истовремено е и можност тие да се запознаат со музичарката која направи кариера лижејќи си ги љубовните рани и зборувајќи за гневот и исцелувањето.
Роберт Џенкинс во 18 век бил капетан на британски трговски брод. Неговото уво било пресечено од војници на шпанската крајбрежна гарда. Седум години подоцна, ова послужило како причина за војна помеѓу Британија и Шпанија.
Од мемоари на истражувачи кои делуваат како да се романи до дела на ветерани во областа на науката, ова се дела кои ја збогатија научно-популарната литература во 2021, по избор на магазинот Смитсонијан.
Од шпанскиот грип до „кинескиот вирус“, именувањето на болестите и вирусите согласно земјата на нивното потекло е криткувано поради поттикнување ксенофобија и расизам. Но именувањето на варијантите на коронавирусот согласно грчкиот алфабет исто така си има свои последици.
Велшкиот актер и продуцент, со богата кариера од театарски и филмски улоги („Кралицата“, „Полноќ во Париз“, „Ноќни животни“), откако во 2019 организирал кампања за помош на бездомници, одлучил да сврти нов лист.