Во поголемиот дел од 19 век Јустус фон Либиг бил џин на научниот естаблишмент, со прсти замешани во различни области. Ги истражувал прехранбените потреби на растенијата и го развил првото вештачко ѓубриво, поради што во научните кругови е познат како „татко на ѓубривото“. Ова ја намалило зависноста од користење на животински измет за хранење на посевите и отворил пат за индустриско земјоделство.
Интересите на германскиот хемичар се протегале и на полето на човечката прехрана. Бил убеден дека соковите кои истекуваат од печеното место содржат вредни прехранбени состојки и ги охрабрувал готвачите да го подготвуваат така за ништо од него да не се загуби. Ова со нутритивната вредност на месните сокови излегло неточно, но 150 години подоцна неговите совети за печење месо, се уште се следат (може не е похранливо но месото така е многу помеко и сочно).
Сепак, највидливиот придонес на Либиг за празниците кои наближуваат виси на новогодишните елки. Нивното украсување се поврзува со древно-римските сатурналии, кои ја одбележувале зимската рамнодневница и биле посветени, како што кажува и самото име, на богот Сатурн. Некаде во 16 век декорираните дрва биле внесени во домовите и оваа германска идеја потоа била популаризирана од кралицата Викторија во средина на 19 век.
Некои од првите стаклени украси за дрва, кои датираат од 16 век, биле венчиња од гранки и разнобојни топчиња, произведени од семејството Грејнер од Германија. 250 години подоцна тие се уште произведуваат орнаменти, а Ханс Грејнер станал познат по своите украсни стаклени „оревчиња“ и овошки, кои на површината имаат огледална структура.
Во тоа време огледалата биле прескапи за повеќето луѓе и биле правени со нанесување тенок филм на стакло, при што се користела жива. Процесот бил крајно ризичен поради високото токсично испарување од живата, а супстанцата можела да ја оштети површината на огледалото.
Во истовреме, Либиг развивал многу побезбедни начини за обработка на стакло во неговите лаборатории. Неговиот метод подразбирал сребрен нитрат, амонијак и прости шеќери. Мешавината резултирала со прекрасно изедначена, кристално-чиста површина на сребрен метал нанесен на стакло. Ова наскоро било применливо и во други области на науката, вклучително и за изработка на телескопски огледала. На крај процесот довел до масовно произведени огледала кои биле доволно евтини за да станат дел од секоја куќа.
Откако Либиг го развил својот метод процесот бил искористен од друг германски хемичар, Бернард Толен, кој го претворил во аналитичка техника за идентификација на посебни хемиски групи наречени алдехиди.
Иако изгледа како епизода од „Брејкинг бед“, еве видео кое оние повештите може да ги инспирира да си направат домашен лампион. Имајте ПП апарат за секој случај при рака.