Кога некој конечно ќе го добие заслуженото признание, чувството е позитивно поради тоа што правдата е задоволена, но истовремено останува горчина поради долгото време кое било потребно тоа да се случи. Ова е особено така во приказната на младата хемичарка Алис Бол, чие откритие на ефикасен метод за третман на лепра било преземено од колега кој си го нарекол по себе.
Бендот има шармантно име, а неговиот нов албум е базиран на графичка новела посветена на Марија и Пјер Кири. Необичното е што тој претставува мешавина на „радиоактивен“ фолк, на хорор традицијата во американската книжевност и на детално биографско истражување на животот и делото на спомнатите научници.
Да не бил баронот Јустус фон Либиг, прославатa на Нова година би можела да изгледа сосема поинаку. Па сепак, и покрај неговиот изумителски опус, во кој спаѓаат и огледалата кои ги имаме низ дома, ретко кој слушнал за него.
Во 2017 во статија под наслов „Лекција по наука за сечие незнаење“ напишавме: „КРИСПР е нешто многу јако во науката и еден од најсериозните кандидати за некоја од скорешните Нобелови награди за хемија“. Денес таа беше доделена на две научнички, за нивниот придонес кон оваа алатка.
Четири новоткриени елементи од Периодниот систем кои досега беа со oзначувани со бројки добија предлог имиња кои се ставени на јавна дебата во следниве 5 месеци. Само ние си останавме БЈРМ.