Заразно е: пандемијата прави да пцуеме повеќе

Стресот, ерозијата на границите помеѓу приватното и професионалното и намалувањето на опциите за релаксирање по напорниот ден во текот на актуелната пандемија, прави да сме посклони да опцуеме, макар и само симболично.

При крајот на годината обично се бираат зборови кои биле најкористени изминатиот период (во македонскиот тоа според едно истражување е „вакцинација“). Кога во англискиот би се издвоиле само оние „профаните“, вели Мајкл Адамс, лингвист на Универзитетот Индијана во Блумингтон, тоа би било вистинска „пцуечка бура“. 

Спомнувањето на е*ење, срање и шупак или верзии на истото на англиски, пораснало за цели 41% од 2019 до 2021 (крајот на ноември) на Фејсбук и 27% на Твитер. Компаниите кои изработуваат софтвер за филтрирање безобразни зборови, кој се користи од компании кои хостираат онлајн заедници и други дискусиони форуми, велат дека обемот на филтрирани зборови се има утростручено во минатите 18 месеци.

Луѓето како да стануваат поагресивни во нивната употреба на непристојни и сексуално експлицитни термини. Ова, според проучувачите на ефектот на емоцинален јазик врз излегувањето на крај со стресот, можеби е природна одбрана од болка. Според едно истражување од 2009, студенти можеле да ги држат рацете потопени во мраз студена вода 40 секунди подолго кога повторувале  безобразен збор по нивен избор. Преку поттикнување на нервниот системи и забрзување на стапката на срцево биење, пцуењето е стимулација која може да има аналгетичко дејство.

Истовремено, пцуењето во нечие присуство, ако не е упатено директно кон другиот, е знак на интимност. Луѓето бараат ваков вид поврзување кога искусуваат тектонски животни промени и додека се чувствуваат изолирани од остатокот на светот. 

Некои ја споредуваат нашата релаксираност во врска со пцуењето со начинот на којшто се релаксиравме во врска со облекувањето, одржувањето фризура или бричењето. Од една страна повременото (и веројатно несвесно) вметнување вакви зборови може да звучи поавтентично отколку некаков формален говор и да направи рез во долг и истоштувачки процес на објаснувања и преговарања. Од друга страна може и да ја намали важноста на главната порака. Но ако таа е „да т’ибам пандемијава“, тогаш сигурно никој не би имал амандман. 

извор

21 декември 2021 - 07:45