Taман ќе помислиме дека сите варијации на тема „50 нијанси сиво“ се исцрпени, излегува тазе зафрканција со истата, на која не можеме да одолеме. Еве една од нив.
Како ја замислувате смртта? Црна силуета со качулка и голем срп? Скелет кој танцува и се смее? Дали ја пишувате со голема буква? Вчера во Лондон се отвори изложба токму на оваа тема - персонификации на смртта од различни историски периоди и географски локации.
Тајландскиот фотограф Бенз Таначарт направил необичен проект. Глумел дека има Туретов синдром, изговарајќи куп неповрзани зборови во подземната железница во Банког, и ги регистрирал реакциите на сопатниците.
Она што не натера да го објавиме текстов не е затоа што тој зборува за Обама, Буш, Тачер и Ромни (кого би го интересирало тоа?), туку затоа што Жижек во него користи една многу интересна метафора. Ви се случило ли да не можете да се објасните со некого, бидејќи тој поинаку од вас ги толкува спратовите (сутерен-приземје-прв)? Епа нему дефинитивно да.
Oxford University Press и оваа година ги одбра двата најпопуларни збора во англискиот. Британскиот и американскиот победник стануваат нови одредници во Оксфордскиот речник на англискиот јазик.
Во зграда во Сараево осамнал исчкртан некролог, на кој на сликата на покојникот некој вежбал цртање. Националната припадност, и на живиот и на мртвиот, и не се толку важни.
Нели Маркс беше роден во мај? - се зачудивме кога го видовме неговото име во една од оние рубрики „родени на денешен ден". Ама овој да не ти бил „нашиот" Маркс, туку композитор. И тоа со интересна, комплетно немарксистичка биографија.
Teo Масеро, џез саксофонист, композитор и продуцент, најпознат по неговата соработка со Мајлс Дејвис, во текот на кариерата сигурно често „го јадел" заради постапките на музичарите со кои работел. Затоа си решил сè да си води на писмено.
Филип Рот, за кого последен пат пишувавме во врска со неговата реакција до Википедија, во интервју за не многу познатото француско списание Les inRocks, изјавил дека романот „Немезис" (2010) ќе биде негова последна книга.
Неодамна беше објавена за фановите долго очекуваната збирка преписки на Курт Вонегат, со неговите пријатели, колеги и читатели. Зборуваме за време кога луѓето навистина пишувале писма, во кои навистина нешто кажувале. А Вонегат има што да каже, дури и кога зборува за сосема обични работи.
Џармуш, освен што режира и пишува сценарија, се занимава и со музика. Слушнете го неговиот нов албум со холандскиот минималист Џозеф ван Визем, „Мистеријата на рајот".
Во продолжение на темата „текстот вели едно, друго ти се слуша", се потсетуваме на една песна која намерно си игра со овој феномен. Таа во 1972 стана хит во Италија иако не беше на италијански. А ни на англиски. Всушност, на ништо.
Aко сте помислиле дека меѓу нашите професори има дрски, а дека кафанските вербални дуели се врв на софистицираност во споредба со стилот на некои академски преписки, прочитајте што се случува во Хрватска. Стварно нема смисла во сè да се пред нас!
Вчерашната изјава на министерот Попоски, која во медиумите беше пренесена како „историјата треба да остане во минатото" е фала богу спротивна на логиката и на Фокнер, а и на Вуди Ален. Во спротивно можеби ќе нè тужеа.
Џефри Чосер, познат како „татко на англиската литература", најголем англиски поет на средниот век, алхемичар, астроном и дипломат, е заслужен и за еден збор, кој 612 години по неговата смрт добива малку поинакво значење од она кое тој го имал на ум.
На 1. ноември почна проектот NaNoWriMo - идејата е секој од учесниците за еден месец да напише 50,000 зборови или 175 страници краток роман. Еве мнооогу добар совет за оние кои се одлучиле да го направат ова. Не е доцна да се придружите.
Додека трае „филмскиот бутик" во Менада - проекции на филмови кои или биле инспирирани од модата, или самите покренале некаква модна промена - еве го нашиот прилог: колекција која ја одбележува премиерата на новата филмска верзија на „Ана Каренина".
Придонесот на Маги кон звукот и идеологијата на ЕКВ е јасен. Она што е помалку познато е дека таа има дизајнирано и повеќе плакати и обвивки на плочи на групата. На 5. ноември се отвара изложба посветена токму на оваа тема.
Авион полн со хобити, орки и други чудни суштества лета накај Средна Земја, и добива инструкции за безбедност на летот од стујардеса-елфка. Не, не е извадок од новиот „Хобит". Видео за безбедност на лет е.
Со блага грижа на совест дека во светот повеќе се крева џева за правата и благосостојбата на жените, денес, на 1. ноември, решивме постов да го посветиме на мажите и нивните мустаќи, а сè за добробит и на друг значаен дел од нивното тело.