Во белградскиот клуб со име сосема соодветно на настанот - „Good Times" - во понеделник 5. ноември во 19 часот ќе биде отворена изложба на слики на Маргита Стефановиќ под наслов „Бодликава жица".
Делата се изработувани од 1997-1999. На средината на 1998. нејзината пријателка од Загреб, Јасна Микиќ, предложила тие заедно да организираат изложба во Хрватска, но идејата пропаднала. Од јануари до октомври 99-та Маги се зафатила со селектирање, скенирање и архивирање на дотогаш изработените идејни решенија, ги испечатила на картон, и еден дел подарила на пријателите. Архивата која притоа се создала брои дури 237 дела.
Изложбата на која ќе биде презентиран избор од нив ќе ја отвори сликарот и музичар Љубомир Џорџевиќ.