
Ни сенка
ни ѕвезди
ни месечина
ни гајле.
Ноември -
верува само
во куп мртви лисja
и месечина
со боја на коска.
Без молитви за ноември
да потрае подолго.
Забиј ја лажицата во ѕидот -
сите ќе ги убиеме.
Ноември ме врза
за старо мртво дрво.
Кажете му на април
да ме спаси
од студениот синџир.
на ноември.