Изгледа петте минути, кои се протегнаа на пет часа, на 50 нијанси сиво, изминуваат. Еротскиот роман на јапонско-американската авторка Силвија Деј за само шест дена се продаде во 80,000 примероци.
Во јуни 1956., човекот кој постхумно го нарекоа „најголем американски архитект на сите времиња", добил необично писмо од 12-годишно момче, со молба тој својата експертиза да ја вложи во проектирање на куќа за неговиот најдобар пријател, Еди.
Пред да удри ураганот, освен вода, конзервирана храна и свеќи, медиумите ги советуваа жителите на источниот брег на САД да складираат и доволно литература.
Едно од трогателните својства на човечкиот род е да верува во моќта на сопствените изуми дури и во ситуации кога тие се очигледно бескорисни. Како морална поддршка на нашите пријатели заглавени во ураганот, но и како потсетување на кршливоста на цивилизацијата пред налетот на природна непогода со име и карактеристики на лоша жена.
Вестта дека Кларк Кент а.к.а Супермен го напушта печатеното новинарство потресе многумина кои сè уште негуваат нежни чувства кон новинската хартија и мирисот на олово. Една новинарка со рубрика за градинарство почнува да се сомнева во својата професија по шокантната постапка на нејзиниот идол. Д-р Остојиќ од booksa.hr повторно има добар коментар - времињата се менуваат, а со него и нашите идоли.
Драган Чалина, млад српски џез пијанист, преслушувајќи ги говорите на локалните политичари, почнал да си ги „преведува" во музика. После ова секој говор на Бранко ќе ви звучи ко концерт на Телониус Монк.
Пред некое време пишувавме за родово ориентираните Бик пенкала „за неа". Бидејќи рачното пишување е цивилизациска практика која одумира, Фуџицу смислиле технолошки поисплатлива варијанта - лап топ „само за дами".
Според важечките норми, мажите не се допираат многу-многу. Ракување, кратка прегратка - тоа е прифатливо. Но хетеросексуални мажи да се држат за раце или да се фаќаат околу струкот? Тоа е во најмала рака необично. Сепак, не било отсекогаш така.
Денес, 25.10, на седница на Градското собрание на Загреб, требаше да помине одлуката за Милан Младеновиќ (ЕКВ), инаку роден Загрепчанец, да добие улица во градот. Ама, тоа и не е баш така извесно како што изгледаше на прв поглед.
Веќе четврта година, бргу по доделувањето на Букер-вистинска, Гардијан ја доделува наградата Not the Booker Prize, како обид за популаризација на потенцијално потценетите дела, како и за да им се даде право на глас на читателите. Ама демократијата е чудна ѕверка...
За едно дваесет години овие девојки ќе се сеќаваат дека во најдобрите денови биле хостеси облечени во секси корсети, манжетни, зајачки уши и пуфкасто опавче. Дека, како и голем број нивни постари колешки, биле горди Плејбој зајачици.
По доделувањето на Нобел за мир на Европската Унија не стивнуваат реакциите, некои во проза, некои во стихови. Иако е тешко да се долови оригиналниот десетерец, еве една во духот на јужнословенските епови.
Пред 30 години Даглас Адамс ја објави The Meaning of Liff, речник на нови термини за појави кои заслужуваат да имаат име, но немаат. Сега речникот доживува продолжение.
Додека денешниот јазик полека се униформира, тргајќи ги на страна непотребните метафори, кои само ја забавуваат комуникацијата која - ОMG - треба да биде кратка и јасна, онаа од минатото покажува висок степен на креативност, особено по прашањето на алкохолот. Зборуваме за англискиот во 1920-тите, или времето на Прохибицијата.
Историските врски меѓу радикалниот активизам и домашните, „женски" занаети е силен - пред жените да добијат право да да гласаат и јавно да се здружуваат, токму седенките каде се плетело, везело и ткаело биле изговор за формирање „кружоци".
Кај и да е, времево ќе почне да се расипува, а тоа кај метеропатите и кај оние кои се грејат на струја автоматски ќе повлече промена на погледот на свет. Зиме сите по малку стануваме Сартр. Ама прав хипстер е даун уште од јули.
Гугл денес ја одбележува годишнината од објавувањето на славниот роман на Херман Мелвил. Кај и да е, наскоро ќе биде преведен и на македонски наскоро ќе излезе нов превод на македонски.
Изгледа Французите го прочитале нашиот осврт за „50 нијанси сиво", па сега и тие не се нешто воодушевени што книгава е преведена на француски и што таа наскоро пристигнува во нивните книжарници.
Кој знае колку бил ифрит, или хумористично настроен продавачот во местово, кое додуша повеќе личи на некоја продавница од втора рака отколку на книжарница, па јасно и со дебел фломастер му го плеснал на Ленс на корица.
Што треба да направиш ако не си Опра, Џеј Лено или Лери Кинг, а сакаш во емисија да имаш ѕвезда како Хенкс? Ќе си дознаеш на што се пали, и на најсуптилен начин ќе му го понудиш она што тој не може да го одбие. Во случајов сето ова не можело да биде изведено подобро.
Гардијан покани познати британски автори да напишат цел роман во 140 карактери. Резултатот? Па, иако е тешко да се наречат „романи“, некои се навистина добри, заокружени приказни. Пробајте и сами на #твитерфикција.