„Востанија, не диети!"

Радикални везилки

Историските врски меѓу радикалниот активизам и домашните, „женски" занаети е силен - пред жените да добијат право да да гласаат и јавно да се здружуваат, токму седенките каде се плетело, везело и ткаело биле изговор за формирање „кружоци".

Еден таков од 19-вековна Англија бил директен одговор на Индустриската револуција. Домаќинките ги користеле нивните вештини за да инспирираат акција и револуција, особено преку изработка на знамиња - какви впрочем правеле и мајките и сестрите на нашите револуционери.

Сега една слична група од Британија Radicalcrossstich, на сличен начин го канализира бесот кон глупоста на светот и демонстрира визија за тоа како работите да се подобрат, оддавајќи им почит на нивните баби и прабаби. 

Cross-stich (или по нашки ’крвчиња’) е техника на везење за која ви треба: шема, конец, рамка за држење на материјалот врз кој везете и ножички. Сето тоа е фино објаснето на страницата на организацијата, која нуди и анимирани инструкции.

Стереотипните написи на вакви везови, кои некогаш стоеја и во нашите куќи а можеби некаде и уште ги има, беа нешто во стилот „Домаќице не збори, да ти ручак не загори" - радикалните домаќинки пак од оваа организација везат цитати од Ниче и Сартр, како и субверзини и револуционерни слогани, најчесто со феминистичка и активистичка содржина. Нам ни е врв омажот на „гомното на уметникот" на Марсел Дишан.

 

 

 

20 октомври 2012 - 09:26