Наградата ја доби за нејзината книга „Bring Up the Bodies" (Изнесете ги телата), продолжение на "Wolf Hall" (Волчји дворец), историскиот роман посветен на Тoмас Кромвел (британски државник, главен министер на дворот на Хенри Осми), кој доби Букер во 2009.
„Чекаш 20 години на ваква награда, и одеднаш за кратко време добиваш две", изјавила Мантел откако ја слушнала веста, која беше соопштена вчера.
Според членовите на жирито, оваа книга е многу подобра од онаа претходната, особено во споредбата на политичкиот живот на 16.век и неговата бледа современа имитација. Таа зборува за крајот на бракот на Хенри Осми со Eн Болејн, а главниот лик, Кромвел, е претставен како да излегол од книгите на Марио Пузо за сицилијанската мафија. По оваа во план е трета книга, „Огледалото и светлината", која ќе ја продолжи приказната за Кромвел до неговото погубување во 1540.
Освен Мантел, уште двајца нејзините машки колеги ја имаат добиено Букеровата два пати - Џ. М. Куци и Питер Кери. Влијанието врз продажбата на оваа награда е огромно: секоја книга која ја освоила заработила најмалку милион и двесте илјади евра. Самата награда изнесува 50,000 фунти, или нешто повеќе од 60,000 евра.