L'Envie (Желба) е ироничен наслов на француски бестеселер кој, наспроти очекувањата, не зборува за сексуалните желби и нивните остварувања, туку напротив - за нивниот недостаток!
Мојот прв и последен пат свесно јадење коњско месо се случи во монголски ресторан во Виена. Си бираш од изложените парчиња речиси флуоресцентно црвено месо, и ти го подготвуваат пред тебе, дур ти доаѓа слика од сите коњи од детските сликовници.
Прекрасни визуелизации на турцизмите во босанскиот, кои функционираат и во македонскиот јазик. Наши фаворити: чаршија и ќилим. Напрајте ни ќејф, кликнете „аферим".
Дали виршлите можат да произведат музика? Каков звук испуштаат крофни со еурокрем? А модрите патлиџани? Сè што ви треба за да го пробате ова е едно едноставно електрично (не-Жикино) коло.
Овој месец New York Review of Books прославува 50 години од своето постоење. Нарекувано „најдоброто литературно-интелектуално списание на англиски јазик" и „главен теоретски орган на Радикалниот шик", тоа содржи и рубрика - лични контакти!
Уште една причина да го сакате винилот, и да бидете носталгични по него: еротско-сатирични корици на албуми од 1950-тите и 1960-тите. А богами и насловите не се за потценување.
Се сеќавате на текстот дека некои од дамките на средовековните книги се всушност фосилни остатоци од европските инсекти? Епа откриен е ракопис кој содржи информација за постоење и на други чудни суштества. Овие предат, и имаат шепи.
Вчера (19.02) Ник Кејв одговараше на прашања на Твитер како дел од промотивната кампања за новиот албум Push the Sky Away. Како и секогаш мудар, со смисла за хумор, и (му личи на годините) по малку ироничен.
Во прва ретроспектива по неговата смрт во 1997, која е истовремено и досега најголема, во галеријата Тејт на едно место ќе се соберат 125 слики и скулптури на Рој Лихтенштајн.
Трубадурите, Гвидо де Арецо, ренесансниот Палестрина, кастратите, Пурсел, Скарлати, Телеман, страшниот Бетовен, романтичари и пост-романтичари, регтајм, џез, Чак Бери, метал, Њу Ордер, Продиџи...И сето тоа во помалку од седум минути.
Неодамнешната Букбокс читанка, односно нејзиното издание бр. 172 за книгата на Горјан Петрески, ја „разбранува јавноста", и повлече и поддршка на изнесените ставови, и нивна критика. Издвојуваме некои од нив.
Додека кај нас и најмал обид за негативна книжевна критика кон домашен автор веднаш се оценува како „нарачана", а критичарот како „шарлатан", Британците за најострата критика на годината даваат - награда.
Дали одвреме-навреме чувствувате дека ви недостасува вистинскиот интерпункциски знак, кој прецизно би ги доловил вашите чувства, за да немате недоразбирање со веќе истрошените емотикони, три точки и извичници? Еве неколку предлози.
Освен тоа што денешниот ден е посветен на љубовта и виното, предлагаме истиот да биде и ден на - креветот: сите патишта водат кон него, и од многу љубов и од многу пиење. А што би рекол Фројд, некогаш човек оди во кревет и затоа што просто му се спие.
Текстов не е замислен како реакција на подмолните трикови за „омрсување" за Валентајн, промовирани од машкиот дел на редакцијата, и не е совет до сите девојки кои не знаат што да им купат на партнерите за овој празник. Од друга страна, не е грев ни ако го толкувате баш така..
Не дека е важно да знаете дали зад некоја песна стои вистински настан и фиљан човек на кого му е посветена за таа да ве допре, и да помислите дека е напишана баш за вас и вашата љубовна среќа/болка/чемер/јад. Ама па овие песни се толку познати, што сигурно нема да ви ги расипеме со деталите околу нивното создавање.
Откако првата ексклузивна фотографија од долго најавуваниот нов филм на Ларс фон Трир ги разочара гладните за скандал, кои овој режисер редовно ги снабдува со материјал, втората фотка е веќе нешто сосема друго...
Авторитетните фигури - а има ли поголем папа од папата? - се податни теми на уметнички дела, заради „гребење" на уметниците од славата на првите, но и заради желбата за пародичност и контроверзност, кои со ваквите ликови секогаш успева.
Песничките се прекрасни мнемонички средства: кој пее-тој и памти. Од нашата од Бушава азбука, преку хрватската, турската, една од малезиските и етиопските, до хард-кор верзија на грчката, сигурни сме дека ова е забавен начин да се чујат, а можеби и научат туѓите азбуки, дури и ако не сте деца.
500 литри еколошки нештетни бои фрлени на улиците на Берлинскиот Розенталер плац. И една фина слика која ја формираат автомобилите во движење. По нашите улици би имало и некое копито.
Измислен јазик, обичен државен службеник, малку историја на лингвистика и - терористи од Калмикија! Еден од оние фасцинантни текстови на Њујоркер кои повеќе личат на мали студии.
На колегите од сајтов изгледа веќе им е очигледна опседнатоста на Букбокс со умирачки, па џентлменски ни го отстапија текстов, од кој ни доаѓа вода на уста. Не, не е за мртви луѓе. За сладоледи е.