Спиењето, сонувањето, препелкањето, гушкањето и читањето се само некои од активностите кои вообичаено се прават во кревет, што статистички гледано значи дека во неговите прегратки минуваме половина живот. На некои луѓе им е важно само тој да им е блиску, на други и да има ваков душек или онаква постелнина. На овие дизајнери и уметници им е важно тој да биде необично естетско и телесно искуство. И веруваме дека е.
(горе) Кревет-книга на Јусуке Сузуки
Вертикален кревет на Ернесто Нето (спиете дур стоите..познаваме и такви на кои за ова не им треба кревет)
Ролер костер кревет од Лос Карпинтерос
The Feel Deluxe by animi causa
Креветска верзија на оние седишта за во кола направени од дрвени топчиња што масираат. Епа овие се само поголеми и меки.
Човек во кревет од Питер Ланд
Кревет во комплет со џиновска перница во форма на човек, за да не се чувствувате осамено. Да речеме дека некако ни се гледа тесен.
Жена во кревет од Рон Муек
Машка верзија на кревет за осамени, со жена која е секогаш таму, ама не ви го краде јорганот.
Sonic Bed by Music for Bodies
Овој кревет-инсталација, како што објаснуваат дизајнерите, „ги кани посетителите да ги соблечат чевлите и да легнат во него, додека свири суптилна или динамична музика која во него повеќе се чувствува отколку што се слуша".
Лупита од Виктор М. Алеман (спиеш, и така во луп)
Чаршафи дизајнирани од Тијаго да Фонсека, во склоп на соработката помеѓу Great Eastern Hotel и Кралскиот колеџ за уметност.
„Начинот на кој спиеш" на Даниел Веил
Овој проект е дел од концептот за Хотел на иднината, чија цел е преку архитектурата и ентериерите да се создаде атмосфера која повеќе потсетува на дом, а не на некаков привремен престој. Еден од начините да се чувствуваме попријатно во хотел е да спиеме во истата положба како и во сопствениот кревет. Затоа, кога гостинот букира тој во овој хотел може да се информира за позицијата на креветот, а кога ќе пристигне на него го чека и картичка со таква ознака. Така би требало да се избегнат вообичаените проблеми со навикнувањето на хотелскиот кревет.